Македоника Литера

Сплаварот

Владимир Плавевски 
СПЛАВАРОТ
300 ден
(второ издание на „Последниот сплавар на Вардар”,финалист на Роман на годината за 2010)


„Сплаварот” е фиктивна конструкција, но се темели на вистински настани, поточно на конкретни настани и личности од првите години на дваесеттиот век.

Во овој роман авторот го воведува читателот во галерија специфични ликови и случувања од предилинденскиот период. Главните ликови се сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение, кои плават со сплав по Вардар од Велес до Солун. Во својата одисејска пловидба тие запаѓаат во низа драматични состојби. Владеењето на османлискиот закон на посилниот и пеколните услови на тогашниот ропски живот, Плавевски ги опишува со возбудлива нарација, во чија заднина изнурнуваат буревесниците на македонскиот историски пресврт, гемиџиите и илинденските комити. Сижејниот котелец на романот авторот го ткае со архаичен дијалог, со специфичен наративен стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите, чии судбини пловат по текот на нивната трагична животна река.