Македоника Литера

Речник на древни зборови од творештвото на Светлана Христова Јоциќ

Љубинка Донева

Речник на древни зборови од творештвото на Светлана Христова Јоциќ

150 мкд

      Како ретко кој македонски автор во македонската литература, Светлана Христова Јоциќ употребува ретка, архаична, односно древна лексика и на тој начин, како ретко кој автор, таа го возобновува значењето на старите и подзаборавени зборови, им дава лирско значење и лирска боја. 

      Ги негува и ги применува во уметничката литература, но истовремено во духот на таа лексика создава неологизми. Таквите зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ (архаизмите, дијалектизмите, турцизмите, неологизмите...) ги има во огромен фонд – доволен за посебен речник.

      Секој збор си има своја етимологија, историја, семантика – но и форма и контекст што му ги дава авторката, а тие се објаснети, толкувани и според лексикографската методологија сместени во овој речник. Оваа книга, напишана врз лексички и поетолошки интерпретации на старите зборови во поезијата на С. Х. Јоциќ, е единствена (прва) од овој вид во македонската литература.