Македоника Литера

Атанас Крлевски КРЛУК (афоризми)

Атанас Крлевски

150 мкд

68 стр./ 120*170

„Во Крлук Атанас Крлевски грубо без формалности и нежности го допира сензибилитетот на епохата во која битисуваме, сакајќи да ги долови сите човечки малодушности и паѓања во мoментите кога желбата за бегство од реалноста е најсилна.

Она што воодушевува во Крлук е силната симбиоза на текстот и контекстот, на она што авторот сака да го каже, но и одгласот на кажаното. Афоризмите на Крлевски ја цитираат стварноста, читателот има чувство дека тоа се негови зборови, едноставно читателот ја добива улогата на коавтор и со тоа го добива правото да ги цитира истите за свои потреби.“ (Ана Витанова Рингачева) ,,Афоризмите на Атанас Крлевски во ниеден момент не ве оставаат рамнодушни.Тоа се сатирични избрусени стрели, но и реални, релативни вистини кои ве тераат на размислување, развеселување или загриженост.“ (Ѓорги П. Панов ) „Атанас Крлевски е еден од оние малкумина афористичари кои што успеале да изградат сопствен, препознатлив стил на изразување. Во неговите афоризми ќе препознаете сатира, хумор, еротика... така напишани што читателот го забавува, насмејува, а истовремено го наведува на подлабоко и посериозно размислување. Во неговите афоризми напишани во прво лице еднина, се препознаваме сите ние од кое и да сме лице множина. Краток во изразот, јасен, разбирлив, а сепак многу содржаен, баш така како повеќето читатели го сфаќаат афоризмот.“ ( Ацо Горгиев ) „Популарните Крлевизми се вистински релаксанти. Едноставни, скротени, ведри. Со хармонична поврзаност на формата и содржината лесно допираат до читателот и му нудат чиста насмевка.“ (Олга Новачева) „Читајќи ги афоризмите на Атанас Крлевски дознав дека се дружи со гуски затоа што тие го спасиле Рим; и кога му запира мозокот размислува за иднината; а кога шефот има говорна мана лае само на мали ѕверки. И кога треба да спасувате многу поважни нешта од Рим, и ако случајно немате шеф, и покрај тоа што мозокот никогаш не ви застанал... афоризмите на Атанас Крлевски заслужуваат да застанете на нив и да ги конзумирате гурмански. Ги има за сечиј вкус.“ (Јане Атанасов) „Квалитетниот афоризам е краток, остар, поучен и духовит. Токму такви афоризми создава Атанас Крлевски.“ (Марјан Ангелковски )