Македоника Литера

„За македонскиот XIX век“: радиоинтервјуа со Славчо Ковилоски

Славчо Ковичоски, Свето Стаменов

300 ден.

176 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

Книгата  содржи девет обемни авторизирани интервјуа со д-р Славчо Ковилоски, водени од новинарот на Македонското радио Сето Стаменов во рамките на програмата „Актуелно“, на теми поврзани со македонската книжевност и култура и, воопшто, со состојбите во Македонија од овој период.

Темите на интервјуата се разновидни и, меѓу другото, се однесуваат на Крсте Петков Мисирков и неговото место во македонската историја, на почетоците на македонската книжевност во XIX век, на македонското фолклорно творештво, на животот и положбата на македонските жени во градовите и во селата, на спецификите на македонското јазично прашање во XIX век, на Македонија како „јаболко на раздорот“, на продорот на западноевропските влијанија, на црковното прашање и обновата на Охридската архиепископија, на Григор Прличев, на филолошкиот профил на Блаже Конески, на стандардизацијата на македонскиот јазик, развојот, негувањето и афирмацијата на македонскиот литературен јазик итн.
Стаменов и Ковилоски во своите темелни и детални дијалози се обидуваат да дадат покомплексен и што покомплетен преглед на овој специфичен и значаен период од македонската културна и национална историја.
Славчо Ковилоски (1978) е научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и во последниот период е еден од најактивните помлади македонски книжевни историчари, критичари и автори. Добитник е и на државната награда за наука „Гоце Делчев“ и на наградата за поема „Григор Прличев“. Тој е автор на повеќе белетристички и научни дела од областа на книжевната историја, историјата и културологијата.
Свето Стаменов (1960) е автор на повеќе публицистички дела, кои се резултат на неговата повеќегодишна работа како новинар на Македонското радио.