Македоника Литера

Македонскиот 19 век

300 мкд

      „Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...

      Овој период е од витална важност за опстојувањето на Македонците како народ и ... најважните потези по прашањето на црковната автономија, решавањето на јазичното прашање, националната освестеност, културното и книжевно дејствување, вклучувајќи ги и движењата за организирано востание против Турците, почнале да се случуваат токму во 19 век.“ (Горан Калоѓера)

      „За да се напи­ше оваа книга треба да се биде искусен автор, храбар човек и зналец, бидејќи 19 век е најпротивречниот период на македонската опстојба. Згора на тоа, ова дело го пишува човек припадник на друг народ, друга култура и друга јазична средина. Оваа книга е ретка и несекојдневна, бидејќи по својот концепт е вистинска историја на македонскиот 19 век“, напиша Васил Тоциновски по излегувањето на хрватското издание на книгата.