ЈованкаДенкова
300 ден.
304 стр., 200 х 140 мм, 2022 г.
Овој труд на Денкова е книга за научната фантастика како феномен во книжевноста, но многу повеќе е книга за научната фантастика во современата македонска книжевност за деца и млади. Поимот и особеностите на научната фантастика, нејзината генеза и карактеристиките, класификацијата во македонската книжевност за деца и младина и преплетувањето на научната фантастика со други книжевни жанрови – се главните тематски подрачја во оваа студија. Освен тоа, анализирани се и десет научно-фантастични книжевни дела од македонските автори Стојмир Симјаноски, Томе Арсовски, Ристо Давчевски, Велко Неделковски, Михо Атанасовски, Зорица Русевска, Даниел Бибовски и Калина Малевска.