Македоника Литера

Митски координати

Нина Анастасова Шкрињариќ
Митски координати
200.00 ден.

Митски координати претставува сумиран толковник и прирачник за читање, поимање, толкување и дешифрирање на митот. Се работи за студија која има амбиции да го понуди клучот за одгатнување на универзалниот митски и религиски код; дело кое ја разгатнува шифрата за влез во сите светски митологии, бидејќи сите митологии и митови следат еден ист модел.

Книгата Митски координати, којашто претставува „екстракт” на едно поопширно истражување, нуди богата синтеза на севкупното митолошко искуство. Таа настојува да го дешифрира и што попрецизно да го дефинира митот, со цел да го побие еднаш-засекогаш најраспространетото и најбаналното сфаќање дека митот е приказна. Докажувајќи дека митот е многу повеќе од приказна и дека тоа е исклучително сложен феномен кој во себе го апсорбирал повеќезначното човечко искуство (и духовно и егзистенцијално-практично), авторката ги определува кардиналните својства на митот, преку кои ја кодира и истовремено ја декодира специфичната митологика.