Македоника Литера

МАКЕДОНИКА 17

МАКЕДОНИКА 17

150 мкд

      Во бројот 17, меѓу другото, се објавени два мемоарски текста – едниот е извадок од спомените на Георги Баждаров (досега необјавени во Македонија), а другиот е текстот на Германецот Ханс Ерке „Македонија во доживувањата на германскиот војник“, кој всушност е негово сеќавање за Македонија во која престојувал како војник во текот на Првата светска војна.

      Невен Радически пишува за странската пропаганда во Македонија во педесеттите години на минатиот век, а Драган Зајковски за карактеристиките на византиското религиско мисионерство во периодот од 9 до 11 век. Димитар Љоровски Вамваковски пишува за андартското движење во југозападна Македонија во 1906 година, а се публикувани и документи за масакрите на грчките андартски чети во Македонија во тој период. Александар Трајановски пишува за Иван Наумов – Алабакот, ослободителот на Крушево за време на Илинденското образование, Владимир Јанев за занаетчиската дејност ан Евреите во Македонија во 18 и 19 век, а од Александар Симоновски е објавена статија за апсењето на Миливоје Трбиќ во 1947 година.

      И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песна од Рафал Алберти.

      На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов за македонистички трудови, како и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја.

      Нарачај

Македоника бр.16

150 мкд

      Во овој број е објавен и еден од последните трудови на Зоран Тодоровски – „Мечтите на Тодор Александров за автономна, независна и обединета Македонија“. Вера Гошева пишува за улогата на советскиот фактор за постигнување единствен македонски револуционерен фронт во 1923-1924 година, а Томе Груевски за македонскиот деец Коста Шахов, како основоположник на македонската журналистика.

      Од Драган Ѓалевски е објавена статија за воената вештина на комитопулите, односно...

Македоника бр.14-15

150 мкд.

156 стр.

Горан Калоѓера од Хрватска пишува за улогата на древна Македонија и нејзините владетели Филип и Александар во формирањето на македонската национална самосвест во текот на 19 и почетокот на 20 век. Драган Зајковски за новозаветните текстови како историски извор за почетоците на христијанството во Македонија, а Александар Трајановски за дејноста на српските владици Фирмилијан и Варнава во Македонија.

...

Македоника 13

150 мкд

Во бројот 13 се публикувани повеќе текстови тематски поврзани со Македонија. Стожерен текст во овој број е студијата на Ранко Младеноски „Суштинските дилеми за историјата и културата на античка Македонија“, во којашто пишува за многуте отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија кои долго време се тема за полемизирање меѓу истори­чарите.

Основните проблемски прашања за кои се полемизира се, пред сè, етнич­ката припадност на античките Македонци...

Мaкедоника бр.11-12

150 мкд

Меѓу другото, во овој двоброј се објавени документи од политичкото досие на Драган Богдановски, а Марјан Иваноски пишува и за дејноста на македонската политичка емиграција, нејзиното вклучување во процесот на плурализмот во Македонија и формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Зоран Спасовски пишува за историјата на македонскиот јазик, задржувајќи се на три хронолошки слоеви на развој и влијанија, односно поставува нови тези за улогата на јазиците кои се зборувале на територијата...