Македоника Литера

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ДЕЛ ОД КИНЕСКАТА КАМПАЊА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

   

     „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ ДЕЛ ОД КИНЕСКАТА КАМПАЊА „ЧИТАЈТЕ КНИГИ НА ИНТЕРНЕТ“

  На годинашниот Светскиот ден на книгата и на читањето – 23 април, кинеската глобална медиумска корпорација Кинеска интернационална издавачка група
(ЦИПГ), започна кампања „Читајте книги на Интернет“. Кампањата ја
спроведуваат седумте издавачи кои работат во рамките на групацијата ЦИПГ, со
тоа што избраа по еден партнер од странство, за двојазично читање на исти
извадоци од книги.

Еден од тие седум издавачи е „Делфин букс“, со кого
соработува „Македоника литера“ и со кого копродукциски веќе издадоа 13 тома од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. „Делфин букс“ за партнер ја
избра „Македоника литера“. Кампањата започна со читање на исти извадоци од
страна на првите луѓе на издавачките куќи. Извадок од книгата на познатиот
кинески писател Џанг Ќиушенг „Приказни големи колку дланка“ (која е дел од
едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“) читаше директорот на
„Македоника литера“ Нове Цветаноски, а на кинески јазик претседателот на
„Делфин букс“ Ванг Леи. За време на настанот, со претседателите на кинеските
издавачки куќи, учествуваа и првите луѓе на издавачки куќи од Полска, Белорусија,
Либан, Јапонија , Перу, Македонија и Шпанија.Инаку, ЦИПГ ќе биде домаќин на првиот „Кинески меѓународен е-саем закниги“ во средината на јули годинава. 

    Саемот на книгата ќе биде претставен во 3Дтехнологија за виртуелна реалност, високо прикажувајќи ги физички книги како присутни, и создавајќи платформа за прикажување што...

НАСКОРО- КНИЖЕВНИОТ БУМ „ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА" И ВО МАКЕДОНИЈА!

   Наскоро!
  Книжевниот бум, книгата „ Во време на епидемија" и во Македонија!

    Штотуку објавената и планетарно популарната книга на познатиот италијански писател Паоло Џордано ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА, по италијанското издание објавено на крајот на март, пред неколку дена излезе во 16 земји, а за неколку дена ќе излезе и во Македонија, во издание на „Македоника литера“.
    Дури 31 издавач во 29 земји речиси истовремено ја објавуваат оваа книга...

НАСКОРО! ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС – БЕСПЛАТНА КНИГА

ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС

   Наскоро ќе можете да прочитате совети за заштите од корона вирусот во книгата која ќе ја објави „Македоника литера“, а ќе биде слободна и бесплатна за преземање:

ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНОВИРУСНА БОЛЕСТ – БЕСПЛАТНА КНИГА. 

   Водичот е превод на македонски јазик на кинеско издание, во кое се содржани кинеските искуства во борбата против новиот корона вирус, а е подготвен и одобрен од официјалните здравствени институции на НР Кина.

 

Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции"

Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции" на Трајко Огненовски

     Во среда, 26 февруари, со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 во Културно- информативниот центар во Скопје, ќе биде промовиран „Реторичкиот лексикон на поими и дефиниции“ на проф. д-р Трајко Огненовски, кој неодамна го објави „Македоника литера“. За лексиконот ќе зборуваат Димитар Пандев и Сашо Огненовски. 

     „Реторичкиот лексикон“, кој претставува...

НАСКОРО три нови извонредни книги во издание на „Македоника литера"

         Станува збор за одлични дела од реномирани автори и тоа книгата „Мудоста на Конфучиј-научете да бидете врвен лидер' од Каспер Ших, „Адам и Ева', ремек делото на Ливиу Ребренау, и збирката раскази „За жените  од Бинг Син, најпознатата кинеска писателка на „женското писмо"во 20 век.

     ...