Македоника Литера

Пеликанот

Аугуст Стриндберг
ПЕЛИКАНОТ
150.00 ден.

       „Пеликанот“ е едночинка која има необична логика и визионерска фантастична сила и која потсетува на драмски дела со мотиви од митовите и бајките. Но намерата на Стриндберг не била да ја поетизира или романтизира егзистенцијата

 како во драмите со мотиви од бајките и приказните... Насловот на оваа пиеса произлегува од претстава во времето на Стриндберг, дека пеликанот им давал на своите младенчиња да цицаат крв. Стриндберг го превртува поимот и ја прави Мајката како искористувач што ги занемарува своите деца. Пиесата е пишувана од перспектива на децата. „Пеликанот“ е натуралистичка, експресионистичка и апсурдна драма, која ретко се игра во Шведска, но е една од најпоставуваните пиеси на Стриндберг во светот.

Чалик чамак

Трајче Кацаров

150 ден.
(избор драми)

   Во книгата со пиеси Чалик чамак на Трајче Кацаров се објавени шест пиеси, кои се веќе изведени на театарските сцени во Македонија или надвор од неа: „Гард“, „Чалик чамак“, „Дефект“, „Војдан“, „Дворно место“ и „Долго доаѓање на петлите“.

   На пиесите им претходи пролог, кој е и своевидно творечко кредо на авторот, а објавен е и поговор на Мишел Павловски. Драмите на Трајче Кацаров, собрани во книгава, пред...