Македоника Литера

Пер Гинт

Хенрик Ибзен

200 мкд

136 стр./ A5 формат (200x140)

      Драмски спев, метафора на животот...
Величествено дело без граници меѓу реалното и фантастиката, свеста и потсвеста.

      „Пер Гинт“ е драмски спев кого уште современиците на Ибзен го прогласиле за величествено дело. Во критиката за литературата е наречен и „Хамлет на северот“. Драматуршкиот материјал почива врз непресушниот инстинкт за слобода и индивидуалноста како трагична вина за поединецот во системите на општеството.

      Во „Пер Гинт“ има многу детали од авторовата биографија, а прототипови му се мајка му, татко му, семејството и нордиските митови. Некои критичари ја израмнуваат со Гетеовиот „Фауст“ (според некои „Анти Фауст“), со Шекспировиот „Хамлет“ и Моцартовиот „Дон Жуан“, а јапонската критика ја прогласила за „типично јапонска“ драма.

      Нарачај

Домот на куклата (Нора)

Хенрик Ибзен

200 мкд.

108 стр./ A5 формат (200x140)

      Драма, исклучително смела во третманот на жената како сопруга и мајка во семејството. Жестока критика до општеството со силна порака за индивидуалната слобода.

      „Домот на куклата“, позната и како „Нора“, е  пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен. За времето кога се појавила била исклучително смела во третманот на жената во општеството и семејството и во контекстот на цврстите...

Народен непријател

Хенрик Ибзен

200 мкд

      Во оваа драма Ибзен го критикува не само конзерватизмот на општеството, туку и либерализмот на времето. Основната порака во ова дело е дека човекот, кога останува сам, сё повеќе е во право: „Најсилен човек во светот е оној кој е – сам!“.

      Нарачај

Игра на соништата

Аугуст Стриндберг

150 мкд 

111 стр./ A5 формат (200x140)

 

„Дете на мојата најголема болка“, ќе напише Стриндберг за својата драма „Игра на соништата“, во која низ призмата на сопствениот бурен живот, се обидува да толкува што значи да се биде човечко суштество. Драмата е базирана врз фантастични мотиви од сказните за ќерката на богот Индра, која од небото се спушта на земјата за да дознае како живеат луѓето. Го среќава Поетот, кој станува нејзин водич и гласноговорник на луѓето. Тие...

Џон Габриел Боркман


Хенрик Ибзен

150 мкд.

90 стр./ A5 формат (200x140)

      Приказната на Ибзен за Џон Габриел Боркман е приказна за подемот и падот на еден човек, шпекулативен банкар.

      Тоа е драмски портрет за човек опседнат и возбуден од парите со кои може да се освои светот. За него парите се сила што постои надвор од човечкиот ред и човечките закони, со која се гази љубовта и која остава жртви зад себе, но и причина за разорување, уништување и осиромашување на човечкиот живот. Парите лесно носат...