Македоника Литера

Дивата патка

Хенрик Ибзен

200 мкд

118 стр./ A5 формат (200 x 140)

      „Дивата патка“ им припаѓа на драмите на Ибзен кои му се посветени на социјалното и моралното безредие.

      Ова е драма за социјално разорените семејства, за фаталноста, расипаноста, подлоста, измамата и малограѓанштината, но и за семејната топлина, љубовта, разбирањето и сочувството. Драмата е напишана со мајсторство во драмската конструкција, со суптилна и длабока претстава на ликовите и состојбите и со префинет лиризам. Ги слика внатрешните маки на ликовите. Ова е драма во која е спакувано големо количество психологија, а послужила за показ на најпознатите психолошки анализи. Драмата го означува почетокот на творечката фаза на Ибзен означена како врв.

      Нарачај

Сеништа

Хенрик Ибзен

150 мкд.

94 стр./ A5 формат (200x140)

      „Сеништа“ е една од најзначајните драми на Ибзен, со критичен однос спрема општествените и индивидуалните морални норми, но истовремено е драма за темните места во менталната фигура на индивидуата.

      Ибзен воспоставува специфични односи и соодноси меѓу ликовите кои се движат во крајности – од конзервативните сфаќања до моралната ерозија.

      „Сеништа“ е драма за личните несреќи, ерозијата на моралот, гревовите...

Хеда Габлер

Хенрик Ибзен

200 мкд.

112 стр./ A5 формат (200x140)

      Контроверзна драма на Ибзен. Позната е и како 'женски' „Хамлет. Предизвикала жестоки полемики, одбивност и згрозување.

      Хеда не е „општ“ случај, зашто е посебна и не е типична жена. „Ја убија конвенциите и етикетирањата“ – на маргините на драмата за неа запишал Ибзен, кој прв ја третира жената како индивидуа, која дава отпор спрема традицијата, конвенциите, авторитетите и институциите. Драмата ја напишал во 1890 година, а...

РУР (Росумовите универзални роботи)

Карел Чапек

150 мкд.

102 стр./A5 формат (200x140)

      Во периодот од 1920 до 1927 година Чапек пишува романи и драми со утопистичка содржина. Речиси во сите се работи за некаков пронајдок, некакво техничко откритие, кое потоа е злоупотребено и е наменето за уништување на човештвото.

      Чапек ја согледува опасноста од таквите откри­ти­ја и од брзиот напредок во техниката кој, всушност, е побрз од човечкиот морал. Во овој жанр Чапек се разликува од другите светски писатели, зашто...

Бела болест

Карел Чапек

150 мкд.

102 стр./A5 формат (200x140)

      „Првиот поттик за оваа пиеса... ми ја даде темата на еден пријател лекар: доктор којшто открива нови зраци што уништуваат малигни тумори, наоѓа во нив зраци на смртта; со нивна помош станува автократ и лош спасител на светот.

      Од таа тема ми се врежа претставата за лекар, кој на еден својствен начин ја има во свои раце судбината на луѓето. Но во наше време има толку луѓе, коишто ја имаат или сакаат да ја имаат в раце судбината...