Македоника Литера

Создавањето на современата македонска држава

Владо Поповски, Ванчо Ѓорѓиев

Зоран Тодоровски, Виолета Ачкоска

300 мкд

158 стр., 240 х 170 мм, 2014

      Проф. д-р Владо Поповски пишува за борбата за создавање македонска држава во периодот на Источната криза, односно во периодот од Разловечкото и Кресненското востание па до појавата на организираното македонско револуционерно движење, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев пишува за борбата за автономија на Македонија и за создавање македонска држава од 1893 до 1912 година (до Првата балканска војна), проф. д-р Зоран Тодоровски за борбата за автономна, независна и обединета македонска држава во периодот од 1912 до 1941 година, додека пак проф. д-р Виолета Ачкоска пишува за создавањето и развојот на современата македонска држава во периодот од 1941 до 1991 година, односно до конституирањето на Република Македонија во самостојна и суверена држава.

      Книгата е збогатена и со стотина фотографии на најзначајни личности кои дале свој придонес во борбата за создавање на современа македонска држава, како и на позначајни настани во тој историски процес на македонската државност.

Правната положба на Македонците во Југославија

Карл Штруп

300 мкд

170 стр., 200 х 140 мм, 2014

Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и напишале значајни книги за Македонија. Тој ја објавил најинтересната книга за политичките случувања во Македонија пред и по Првата светска војна.Во оваа книга зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонците во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем...

Историја на Чешка

Јан Рихлик, Владимир Пенчев, Новица Велјановски

500 мкд

582 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2014

  Во „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата, е опфатена интегралната историја на Чешка: од праисторијата па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и неколку прилози: географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и...

Тодор Александров (монографија)

Зоран Тодоровски

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ (монографија)

500 мкд

358 стр., 240 х 170 мм, 2014

Монографијата „Тодор Александров“ од Зоран Тодоровски е дел од едицијата „Македонски дејци“. Тодоровски го претставува како личност која оставила длабоки траги во македонското револуционерно движење, а уште повеќе во колективната меморија на македонскиот народ и намакедонските емигранти и бегалци во Бугарија. Монографијата е богата и со фотографии, од кои еден дел првпат се публикувани. Користени се и...

Пере Тошев (монографија)

Михајло Миноски

500 мкд

332 стр./ 240x170

Монографијата за Пере Тошев има поднаслов „Совеста за револуционерна Македонија“ и е првата монографска публикација за него. Миноски во предговорот пишува дека „Големиот револуционер – конспиратор, еден од водачите раководители – апостолите на Македонската револуционерна организација, и по едно столетие од неговото загинување остана недоволно проучен и афирмиран онака како што заслужува“.

...