Зоран Тодоровски
Мементо
(Македонски историски реминисценции)
600.00 ден.
466 стр. Б5 (240 х 170), 2009
„Мементо (македонски историски реминисценции)“ содржи дваесет историографски труда кои се резултат на архивските истражувања на авторот, а претходно се објавени како фељтони во дневниот и периодичниот печат.
Оваа обемна публикација претставува историографски екстракт на новооткриените документи и сознанија од истражувања на авторот во последниве две децении во балканските, а пред сè во бугарските архиви. Како активен истражувач во странските архиви, пронајде архивска граѓа за значајни историски настани и спомени на истакнати револуционери, соопштувајќи ја преку весници и списанија, најчесто во форма на фељтони, во периодот од 1992 до 2003 година. Со нивното објавување не само што се презентираат како необјавени материјали и спомени, туку и се расветлуваат и се реконструираат некои значајни настани, моменти и личности од македонското револуционерно движење, кои досега беа недоволно познати и недоволно обработени, па дури и погрешно толкувани и интерпретирани во македонската историографија.
Текстовите во книгата припаѓаат на четири тематски целини:
Првата опфаќа необјавени спомени на истакнати македонски револуционери и припадници на македонското револуционерно движење (Петар Шанданов, Крсто Лазаров-Коњушки, Христо Калајџиев, Константин Поп Атанасов, Атанас Џолев и Мирчо Кикиритков), како и текстот за поетската збирка „Песни за Македонија“ на Владимир Ковачев).
Втората целина се однесува на...