Македоника Литера

Македонија – предел и култура на живеење

Леонард Шулце Јена 

630 мкд 

368 стр./ 240 x 170, 2013

Германскиот научник Леонард Шулце Јена (1872-1955) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на 20 век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина.

Иако ја истражувал по нејзината поделба (во 1917, 1918 и во 1922 година), Шулце Јена ја третира Македонија исклучиво како природна и национална целина. Ја проучува во географска, геолошка, етнографска, етнолошка и стопанска смисла. Настапува и како етнолингвист, истражувајќи ја компаративно македонската лексика, а како картограф изработува географска карта на Македонија, аргументирано утврдувајќи ги нејзините граници. Се претставува и како врвен етнограф, зоолог, антрополог... „Кога расправа за долини и планински масиви, тој е целосно географ; штом се работи за растенија и за животни, тогаш тој настапува како зоолог и ботаничар, или како етнограф кога опишува куќи и носии, или како историчар којшто посветено се занимава со историјата на Балканот и на Македонија. И се јавува уште во неколку слични улоги. Последните 25 страници на неговата книга се посветени на сообраќајот во Македонија, од најраните времиња дури до современоста. Сето тоа е мошне занимливо и го објаснува успехот на книгата којашто до ден-денес не е заборавена, зашто книгата содржи и една вистинска светска премиера – таа е и првиот речник на македон­скиот јазик напишан врз основа на сопствени истражувања од германскиот на­уч­ник Леонард Шулце Јена“, пишува проф. д-р Волф Ошлис во предговорот на книгата.

...

Апостол Петков (монографија)

Ванчо Ѓорѓиев

500 мкд

316 стр., 240 х 170, 2014

Монографијата за Апостол Петков авторот Ванчо Ѓорѓиев ја поднасловува со „Кралот на блатото“ и овој македонски војвода го претставува како бестрашен и горделив, кој иако бил неграмотен, со своите подвизи станал вистинска легенда уште за време на својот живот.

Населението во Ениџевардарско го нарекло „Ениџевардарско сонце“, а по своите епитети на автентичен и необично...

Историја на Македонија

Павел Шатев
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(Материјали – том 1) 

600 ден.

402 стр., Б5 (240 х 170)

МАКЕДОНИКА, во копродукција со Државниот архив на Република Македонија, ја објави книгата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев, како прв том од оставината на Шатев, чии трудови досега речиси воопшто не се објавувани во Република Македонија. Изборот и преводот е на Предраг Димитровски, кој е автор и на воведот, а стручната редакција, коментарите и предговорот се на проф. д-р Зоран...

Борис Сарафов - биографија

Павел Шатев
Борис Сарафов – биографија
(Материјали – том 2)
350 ден.
 

152 стр., Б5 (240 х 170)

 Личноста на Борис Сарафов во македонското револуционерно движење досега не е целосно научно проучена и валоризирана.

До Втората светска војна македонските интелектуални дејци во Бугарија, па и неговите соборци и учесници во македонското револуционерно движење, не објавија посериозен труд за улогата на Борис Сарафов во македонското дело. По Втората светска војна и македонската историографија, па и...

Спомени

Павел Шатев

600 мкд

368 стр., Б5 (240 х 170)

Павел Шатев своите спомени, под работен наслов „Од поуките во минатото учиме за чекорите во иднината“, ги напишал во затворот во Ќустендил, Бугарија, во периодот од 22 ноември 1943 до 7 мај 1944 година, во ракописен обем од 931 страница. По завршувањето на Втората светска војна се вклучува во политичкиот живот на новата македонска власт и тие остануваат без довршена авторска редакција. Тие првпат се објавени по 70 години откако се напишани и по 62...