Оља Савичевиќ Иванчевиќ
ДОМАШНИ ПРАВИЛА
100,00 ден.
Книгата со лирски записи „Домашни правила“ на хрватската писателка Оља Савичевиќ Иванчевиќ, беше прогласена за најдобра книга во хрватската поезија во 2007 година.
Домашни правила доживеа три изданија во Хрватска, едно во Србија, а е објавена и на шпански јазик.
За Домашни правила Марко Погачар пишува:
„Поезијата на Оља Савичевиќ Иванчевиќ донесува суптилна археологија, интима, на анегдотата, запаметениот детаљ, чувството или пронајдениот и одамна загубениот предмет на втемелени асоцијативни низи на органското сеќавање, филигрански исплетени како траги на ползавци на одамна напуштена куќа.
Овие лирски фрагменти, речиси со прозен слог, дури и тогаш кога со манифестно имагинарно преместување ќе го напуштат првобитниот интимен простор и време, ќе го вклучат новостекнатото оживеано искуство во единствено на повисок ред и целина кои остануваат секогаш отворени и динамични, никогаш довршена поетичка творба.“
Оља Савичевиќ Иванчевиќ (Сплит, 1974) е современа хрватска писателка. Пишува поезија и проза и е едно од најзабележителните и најнаградуваните имиња во најновата хрватска литература.
Автор е на поетските книги: Ќе биде страшно кога ќе пораснам (1988), Вечни деца (1993), Женско писмо (1999), Puzzlerojc (2006), Домашни правила (2007); книгите со раскази Да го насмееш кучето (2006) и романот Адио каубоју (2010).
Добитник е на наградата за проза „Прозак“, на првата награда „Ранко Маринковиќ“ за кус расказ, на наградата „Киклоп“ за најдобра поетска книга – за Домашни правила, а за романот Адио каубоју е наградена со наградата на Т-портал...