Македоника Литера

Во ѕидот знак

Во ѕидот знак
100.00 ден.

68 стр./ 200x130

И во оваа поетска книга авторот постигнува високо естетско рамниште, со изграден и суптилно функционален симболичко-метафоричен систем и истенчен лирски усет. Сенката и ѕидот со основните симболички нишки врз кои се потпира тој систем.

Сенките се немирни во пукнатините на ѕидовите. Постојано се уриваат ѕидови, но пукнатините и студените празнини и меѓупростори остануваат како неми сведоци за изместениот свет и за драмата на човечката егзистенција – сега и низ столетијата. Тоа се некои од можните прашања кои оваа стихозбирка се обидува да ги иницира. Истовремено потрагата по сопствениот идентитет и внатрешната осмисленост, да се премине од „другата страна на себеси“, продолжува и во најновата поетска книга на Ивица Челиковиќ.

Сонцето понекогаш

Емил Калешковски
Сонцето понекогаш
150.00 ден.

Во оваа книга, која содржи педесетина песни, се забележува отвореноста на поетот кон сите постмодернистички текови.

Токму високата доза иронија, пародичниот однос кон референтот, десакрализаторските тенденции, па дури и самоиронијата, се доволен доказ за постмодернистичките струења во неговиот поетски дискурс. Калешковски преку своите поетски остварувања комуницира, а пред сè реплицира на повеќе текстови од македонски и светски автори, користејќи...

Нема исти утра

Владимир Илиевски

100.00 ден.

64 стр./ 120x170

Песните во оваа поетската книга, иако мотивски се разнородни, претставуваат цврста поетичка, концептуална и естетска целина, во која авторот на специфичен креативен начин го проблематизира и го анализира односот на поединецот кон средината во кои се проткаени жестоки творечки и животни борби. Наедно, авторот се осврнува на историјата и на минатото, користејќи ги како поттекст во својата поезија. Не може да се занемари фактот што ваквите поетски...

Кој ќе ги згрее птиците

Искра Донева
Кој ќе ги згрее птиците (хаику)
100 ден


Во поетската книга на Искра Донева „Кој ќе ги згрее птиците“ се објавени шеесетина хаику песни на македонски и на англиски јазик.

Во книгата е објавен и поговор од Александар Прокопиев, во кој, меѓу другото, пишува: „За читателот `Кој ќе ги згрее птиците?` е стимулативна хаику збирка. Дури и листот хартија има две лица, вели една стара јапонска поговорка. Не е чудно што ваквата суптилна одредба за двојната природа на смислата доаѓа токму...

Барајќи карпа за молитва

Бобан Богатиновски

100.00 ден.

145 стр./ 200x130

Книгата содржи педесетина песни, објавени двојазично – на македонски и на англиски јазик „Барајќи карта за молитва“ е книга во која на многу суптилен и сензибилен начин ни се претставени реалноста и иреалноста на светот... Низ лирски исказ поетот одговара на општопоставуваното човеково прашање: што е тоа реалноста?

„Во новата поетска книга, пишува Клетников во поговорот, Богатиновски својата песна ја извлекува од лавиринтите на...