Македоника Литера

Месари

Драго Гламузина
Месари
100.00 ден.

Со појавувањето на поетската книга Месари на хрватскиот поет Драго Гламузина во Хрватска се поврзани неколку куриозитети кои не се вообичаени во издаваштвото во светот.

Иако е поетска, оваа дебитантска книга на Гламузина го привлече најголемото внимание во хрватското издаваштво во 2001 година, беше хит-издание, најбараната и водечка книга на топ-листите, беше книга на годината – што е настан без преседан и не се случил во ниедна национална литература: една поетска книга да биде прогласена за книга на годината. Ги освои двете највисоки признанија во Хрватска: наградата Владимир Назор за најдобро книжевно дело и Квириновата награда за најдобра поетска книга во 2001 година. Преведена е на неколку јазици.

Како што пишува Зоран Фериќ во поговорот, „Драго Гламузина со својата прва стихозбирка Месари предизвика вистински мал потрес на хрватската книжевна сцена и со една книга го направи она што ретко кој поет успева да го направи... Гламузина... афирмираше своја специфична љубовна лирика, која не само како со скалпел да прави крвави резови, туку врши и целосна вивисекција на ликовите чии отворени утроби ги гледаме пред себе како ретка лирска икебана... која истовремено е посвирепа од Џек Мевосек и блага како најнежните сликички на Петрарка. Оваа лирика покажува колку љубовта може да биде крвава, тажна, трагична, па и нежна, полна е со шокантни детали, но во прв ред е животна, а меѓу месарницата и љубовта овде постои еден убав баланс. Гламузина со овие текстови покажа дека во љубовта и во љубомората сме кадарни и до коска да се изглодаме, но ударите и ритамот на месарската секира ги претворил во најубав валцер...“

Тоа ли е сè

Драго Гламузина

100.00 ден.

82 стр./ 200x135

 Карактеристично за оваа книга е тоа што во неа не се користи метафората, како вообичаено средство во поетскиот исказ. ,Во „Тоа ли е сё“ Гламузина само ги потстивнува жуборите на љубовните трептежи (и специфичната љубовна лирика во „Месари“), зашто во преден план ја изнесува продуховената стварност и внатрешниот свет на лирските протагонисти. Ги бележи драматичните и дури и вообичаените фрагменти од семејното секојдневје, надоврзувајќи ги дневното и...

Хит депо

Фарук Шехиќ
Хит депо
100.00 ден. 
          Фарук Шехиќ (1970, Бихаќ, БиХ) пишува поезија, проза, есеи, книжевни и ликовни критики, новинарски репортажи...

Фален е и наградуван. Критиката го смета за еден од најталентираните млади автори од подрачјето на некогашна Југославија и предводник на т.н. прегазена генерација. Некои негови книги, како што е „Хит депо“, имаат култен статус кај читателите и доживеале неколку изданија. Преведуван е на десетина јазици.