Македоника Литера

Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд

Нина Анастасова Шкрињариќ
Триножникоте на Цепенков и каучот на Фројд
(психоаналитички концепти во сказните)
300.00 ден. 
          „Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд (психоаналитички концепти во сказните)“ е книга која нуди еден поинаков „клуч“ за читање и разбирање на сказните.

Во прашање е базичен осврт кон психоаналитичката интерпретација на сказните и нивното длабинско-психолошко (архетипско) толкување. Трудот е изведен како своевидна психоаналитичка дискусија во која главниот збор го имаат двете водечки имиња од старата „гарда“ психоаналитичари – генијалниот Сигмунд Фројд и брилијантниот Карл Густав Јунг, а се повикува и на „медијаторството“ на Бруно Бетелхајм, кој ги дава најдрагоцените согледби за значењето на сказните за детската психа.

„Дали сказните со сурови и аморални секвенци (морбидните сцени на сакатење, канибализам, инцест, морничави убиства) може да ја повредат нежната детска психа? Дали се опасна и непедагошка лектира? Треба ли да се „прохибираат“ сказните коишто сатанизираат и во кои има аморалност, суровост и садизам?

Оваа книга им е посветена на тие дилеми.

Митски координати

Нина Анастасова Шкрињариќ
Митски координати
200.00 ден.

Митски координати претставува сумиран толковник и прирачник за читање, поимање, толкување и дешифрирање на митот. Се работи за студија која има амбиции да го понуди клучот за одгатнување на универзалниот митски и религиски код; дело кое ја разгатнува шифрата за влез во сите светски митологии, бидејќи сите митологии и митови следат еден ист модел.

Книгата Митски координати, којашто претставува „екстракт” на едно поопширно...

Литературното дело и реципиентот

Виолета Димова

250 мкд

278 стр. /A5 формат (200x140)

Во овој труд вниманието е насочено кон методолошките и методичките постапки за проучување и аплицирање на литературното дело во наставата во средното и во високото образование, но и неговата рецепција од страна на пошироката читателска публика.

Врз примери од повеќе литературни дела од македонската и од светската литература (Б. Конески, С. Јаневски, П. М. Андреевски, С. Попов, Р. Крле, И. Андриќ, М. Крлежа, А. Ками, Кафка, М...

Енциклопедија на естетиката и на теоријата на литературата

Јуриј Борев

Енциклопедија на естетиката и на теоријата на литературата

600 мкд
   Во оваа Енциклопедија се содржани основните општоприфатени термини и проблемите на класичната теорија на книжевноста и естетиката разработени во светската теориска наука и познатите научни школи во XIX и XX век.

      Енциклопедијата дава опширни историско-теориски знаења, обработувајќи ја историјата на естетиката, историјата на уметностите и историјата на литературата, но пред сè ги опфаќа популарната...