Шен Шиси
200 ден.
142 стр. / A5 формат (200 x 140)
Новелата „Крвавооката мечка" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси!
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени, реалистични и трогателниЉубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво.
Шен Шиси е роден во 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување започнал во 1980-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите искрени, реалистични и трогателни приказни за животните. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се подеднакво популарни и кај возрасните читатели.