Македоника Литера

Летото на Поер (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Ѓие

Мека корица: 300 мкд

Тврда корица: 350 мкд

207 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019

Прочитај извадок

     Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.

  Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
„Бистрите очи на момите лебдат пред мојот поглед, а нивната прекрасна коса, срамежливост и искреност кружат и уште еднаш ми го свртуваат умот.

  ...Пишувањето ме натера да талкам по земјата, да пловам над облакот, да запирам над лисја и вода... Преку пишувањето, мрморам во тревата, талкам со бубамарите, ги посетувам ѕвездите кои слетуваат во косата на вештерките, наидувам на малиот принц во пустелијата, но на крајот, го пропуштам на улицата во Лион, каде што Антоан де Сент-Егзипери и малиот принц некогаш седеле на камената плоча, уживајќи на ветерот.... Колку повеќе пишувам, толку помалку чувствувам дека пишувам, зашто сето тоа го правампред да знам, јас пишувам со срцето на дете. Секогаш кога го правам тоа, почнувам да се топам.Лебдам. Додека вака пишувам. Моите зборови, моето срце, се скриени во она што го пишувам.“

    Џанг Ѓие (родена во 1969 година) за својата книга „Летото на Поњер“ избрала 11 раскази.
Најпознати нејзини книги се: „Девојката која чука на вратата“, „Тајната територија“, „Тајната на пубертетот“, „Бакнувајќи ја мојата дрвена ограда“, „Кога цвеќињата расцутуваат“, „Вечниот гулаб“ и „Сонцето блеска“. Покрај овие книги, таа ја има преведено и Волшебниот свет на МикиМаус. Добитник е на три високи книжевни награди...

Животот е живот (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Хаиди

Мека корица 300 мкд

Тврда корица 350 мкд

226 стр./ A5 формат (200 x 140 мм), 2019

 Прочитај извадок

    Книгата "Животот е живот" е збирка од 30 раскази за деца.  Во Кина досега имала седум изданија.

   Во предговорот авторката вели:          

„   Оваа книга е зелениот лист на мојот живот. Досега имаше седум изданија. Многу пријатели ми пишуваат за да ми кажат дека многу им се допаѓа оваа книга, што мене ме исполнува со огромна среќа. Но, понекогаш се чувствувам вознемирена...

Приказните на Фанг Гуоsи (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џоу Жуи

Мека корица 300 мкд

Тврда корица 350 мкд

244 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2019

Прочитај извадок

     „Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.                      За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам...

Тајната на слатките јагоди (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Танг Сулан

 Meка корица 300 мкд

 Тврда корица 350 мкд

 206 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2018 г.

 Прочитај извадок

      Книгата на реномираната кинеска писателка Танг Сулан содржи избор од пет подолги современи волшебни приказни: „Златниот Мечок и Пролет“, „Коњот што живееше на врвот на облакодер“, „Тајната на слатките јагоди“, Кројачницата на бубамарата“ и „Куќата од тиква“, како и 19 раскази од циклусот „Чудесната градина“, посветени на природата и на животинскиот свет...

Приказни големи колку дланка (Најдобрата кинеска литература за деца)

   Џанг Ќиушенг

   Мека корица 300 мкд

   Тврда корица 350 мкд

   206 стр./ A5 формат (200 x 140), 2018

   Прочитај извадок

    Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: „Тимот на клукајдрвците“, „Рози во камупсот“ (собрани песни за деца), „Мајмунот кој учи вештини“ (собрани песни и приказни), „Верверицата и нејзините другари“, „Главната вештерка на чаталестото дрво“ (приказни) итн.

...