Македоника Литера

Приказните на Фанг Гуоsи (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џоу Жуи

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

243 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

     „Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.                             За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам сликар, актер во Пекиншката опера или пингпонгар. Сепак, откако се заинтересирав за пишување, сфатив дека сите различни интереси во годините пред тоа, всушност, придонесоа за пишувањето.

...Читањето е од суштинско значење за пишувањето.   ....Некои читатели ме прашуваат: `Од каде произлегува хуморот во вашите дела?` Убеден сумдека хуморот, како културна одлика, може да се развие преку читање.“                                      

      Жуи е уредник на издавачката куќа „Народни ликовни уметности“ од Шангај. Во неговите дела се вбројуваат: „Хумористична верзија на чуднитеприказни од едно осамено студио“, „Премиерот има петмина толкувачи“, „Комарците грицкаат комарци“, „Ун и Ах“, „Двајца велики генерали“, „Учителката во училишната чанта“, „Кинескиот зајак и германската трева“, „Големиот глушец и малата мачка“ и „Боата на оперската сцена“.                                                          Осумпати е добитник на највисоките награди за книжевност за деца во Кина. Во своите дела, тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.

Тајната на слатките јагоди (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Танг Сулан

 Meка корица 200 мкд

 Тврда корица 300 мкд

 206 стр./ A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

      Книгата на реномираната кинеска писателка Танг Сулан содржи избор од пет подолги современи волшебни приказни: „Златниот Мечок и Пролет“, „Коњот што живееше на врвот на облакодер“, „Тајната на слатките јагоди“, Кројачницата на бубамарата“ и „Куќата од тиква“, како и 19 раскази од циклусот „Чудесната градина“, посветени на природата и на животинскиот свет...

Приказни големи колку дланка (Најдобрата кинеска литература за деца)

   Џанг Ќиушенг

   Мека корица 200 мкд

   Тврда корица 300 мкд

   205 стр./ A5 формат (200x140)

   Прочитај извадок

 

    Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: Тимот на клукајдрвците и Рози во камупсот (собрани песни за деца), Мајмунот кој учи вештини (собрани песни и приказни), Верверицата и нејзините другари, Главната вештерка на чаталестото дрво (приказни) итн.

    Добитник е на неколку...

Прва љубов на розевата улица

    Натали Спасова

    150 мкд.

    96 стр./ A5 формат (200x140)

 

    (роман за тинејџери – трето издание)  

    „Прва љубов во Розевата улица“ на Натали Спасова (1989) е роман кој й е наменет првенствено на тинејџерската читателска популација.

   

     Напишан е од млада и талентирана авторка, мошне инвентивно и на исклучително високо естетско ниво. И покрај тоа што делото е напишано уште на нејзината 13-годишна возраст, тоа остава впечаток дека е создадено од перо на искусен и...

Дарко во зоо паркот

 Киро Донев

 150 мкд

 152 стр. /A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

     Најновата книга на Киро Донев,  „Дарко во зоо паркот "  е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се
преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните
животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој...