Македоника Литера

Јуначки приказни

Киро Донев

Илустрации: Миле Топуз

400 ден.

98 стр., 240 х 170 мм, 2025, печат во боја

Приказни за историјата на Македонија од илинденскиот период: за битката на Мечкин Камен во 1903 година, Питу Гули, Гоце Делчев, Христо Узунов, Пере Тошев, Јордан Пиперката...

Историско четиво во вид на приказна за вистински настани и личности.

„Јуначки приказни“, наменети првенствено за младите читатели, содржи пет раскази, напишани во форма на приказна. Во овие фикциски приказни, кои со наративните елементи звучат на фолклорното творештво (народните приказни и со користење изводи од народните јуначки песни), со едноставен стил, се раскажани и биографски елементи од славните ликови од македонската историја, но истовремено се потпираат на историските настани. Така, тие се воспримаат и како фикциски приказни и како некласично историско четиво. На тој начин, освен уметничка вредност, тие имаат и едукативна функција – зашто на непосреден и приемлив начин го запознаваат младиот читател со значајни ликови и настани од македонската историја. 

Сите приказни се богато илустрирани од доајенот на македонската илустрација за деца Миле Топуз.

Ацо Гогов, писател и книжевен критичар, за книгата:

„Јуначки приказни“ на Киро Донев е наменет. не само за најмладата читателска публика. туку за сите возрасти на читатели. Тој ни потврдува дека дијалогот со минатото е и дијалог со...

Приказни од мојот крај

Киро Донев

200 ден.

84 стр., 200 х 140 мм, 2025

Книгата содржи 18 авторизирани и авторски приказни раскажани врз основа на легенди, митови и преданија за познати места во Македонија. Некои од приказните се чиста и оригинална уметничка конструкција произлезена од имагинацијата на авторот.
Во оваа книга Киро Донев на свој начин раскажува приказни за Беласица, Смоларските Водопади, Колешинските Водопади, мокринските извори...

Дневникот од штрковото гнездо

Киро Донев

 

300 ден.

164 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.

 Роман за деца на Киро Донев со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.

Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е принуден да им го симне „непослушното“ топче. И, токму од тука, почнува и...

Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)

Стјепан Томаш

300 ден.

148 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Романот „Мојот татко спие со ангелите“ првпат е објавен во 1992 година. Потоа Стјепан Томаш ја продолжи приказната и напиша уште два дела и како проширено издание беше објавен со наслов „Мал воен дневник“ (1994). Но во наредните изданија (од 1997) беше публикуван како „Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)“ и досега има 15 изданија на хрватски јазик. Книгата е популарна кај младите читатели во Хрватска и е задолжителна лектира...

Леон во Стаклената Гора

Жарко Милениќ

300 ден.

146 стр., 200 х 140 мм, 2024

 

Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интере­сира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи...