Македоника Литера

Одблесоци од вечноста

Нове Младеновски

250 мкд

  118 стр., 200 х 140 мм, 2015  

  Во сличен стил од претходниот роман „Измешани светови“ и во овој роман авторот му ја доверува задачата на главниот лик проф. д-р Крис Поповски да го симне превезот од тајните од книгата што речиси 50 години лежеше под главата на покојниот дедо Филип на селските гробишта во селото Неджор.

      На врвот на научната кариера, Крис ненадејно се повлекува и заминува во испосништво во малата црква и потполно се посветува на одгатнување на легендата за својот народ Ма.

      Се соживува со ликовите на владетелите, нивните драматични психолошки реакции во текот на симболичите драматичните премрежија на народот Ма и нивната татковина.

      По катастрофалното потонување на речиси една половина од големото Ма царство, еден грст преживеани, заедно со принцот Исидор, биваат исфрлени на непознати и потполно изолирани острови. По бавното и тешко прилагодување, успеале да формираат минијатурно царство по теркот на царството Ма пред Потопот. Останале убедени дека од некогашното големо царство Ма тие се единствените преживеани и дека водата го проголтала целиот свет.

      Во реалноста, во текот на наредниот милениум, ова минијатура (слика) егзистира паралелно со половината од некогашното царство Ма (оригиналот) без знаење едни за други. Заедничкиот – изворниот генетски код на едните и другите, иако физички раздвоени, доведува до исти (паралелни) процеси, иста архитектура, исти животни принципи дури и исти имиња. Во еден момент, под чудни околности, единствениот преживеан од минијатурното Царство се наоѓа себеси нурнат во...

Во очекување на Нобеловата награда

Душко Родев

200 мкд

 158 стр., 200 х 140 мм, 2014

    Ако сакате да читате квалитетна македонска литература – читајте го Душко Родев!

      Прочитајте го новиот роман на авторот на „Разговори со Дојрански“, „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“, „Човекот што ги сакаше калинките“... – авторот кој беше премолчуван и забрануван во времето на социјализмот.

      Родев е раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија...

Комита

Владимир Плавевски

400 мкд

394 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015

Прочитај извадок

     Во романот се сместени и реални ликови и настани, кои се подлошката за динамичната фиктивна приказна, која го отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20 век. Главниот лик, комитата Лазар, својата животна кауза гордо и достоинствено ја посветува на својата животна доблест, татковината Македонија ослободена од отоманскиот петвековен јарем. Неговиот лик е граден врз реконструкција на...

Седмиот ден

Ивица Челиковиќ

200 мкд

 176 стр., 200 х 140 мм, 2014

    Главниот лик, Андреј Наумовски, во малите и големите бегства од себеси и секојдневието е распнат меѓу недоразбирања, конфликти и осамености. Го измачуваат постојаните балансирања на работ на бездната во замаглениот простор, во кој напорите да се зачува интегритетот во туѓиот свет се чинат залудни, и како никогаш да не постоеле. А делумно добиваат нова насока со митовите што ги оживува Американецот Вилјам, кој, парадоксално, по игра на...

Запалка

Натали Спасова

200 мкд.

96 стр./ A5 формат (200x140)

      Оваа книга спојува неколку животни приказни на сосема обични луѓе, оние кои секојдневно ги одминувате на автобуските станици или во редовите на супермаркетите. Романот содржи приказна со неколку приказни за луѓе кои се отфрлени, онеправдани, повредени... Секој од нив раскажува со притаен гнев и револт кон општеството и спрема светот во којшто човекот живее без човечност.

      Во таков свет, нивните одлуки ја развиваат...