Македоника Литера

Вистински приказни

Владимир Плавевски

150 мкд

142 стр., 200 х 140 мм, 2011  

 

  „Вистински приказни“ на македонскиот писател Владимир Плавевски содржи 14 раскази кои се однесуваат на вистински настани и вистински личности од македонскиот театар и филм: Петре Прличко, Тодор Николовски, Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Боре Ангеловски... Секој текст е проследен и со уметничка фотографија на главниот лик во расказот, направен од авторот на книгата.

Бојата на времето

Стојмир Симјаноски

350 мкд

 362 стр., 200 х 140 мм, 2011

  „Бојата на времето“ жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика.

      Симјаноски е еден од ретките македонски писатели кој објавува дела од областа на научната фантастика, а романот „Бојата на времето“ може да се смета за неговото најквалитетно и најкомплексно структурно и тематски оформено дело од областа на овој жанр. За појдовна основа во романот Симјаноски зел една од многуте легенди за еден од најгенијалните и неповторливи...

Измешани светови

Нове Младеновски

250 ден.
150 стр., 200 х 140 мм, 2011    

     Роман за луѓето Мн од земјата Ма на планетата Ајмез, кои се соочуваат со својот најсериозен егзистенцијален проблем – да решат дали се за преименување или за обезименување.

Трето решение нема, а се принудени на избор. Приказната се сели во зоната која веќе не е земјата Ма, туку е само сива зона... Роман на алузијата, иронијата и цинизмот.

Сатанска печурка

Ленче Милошевска

100 мкд

248 стр., 170 х 120 мм

      Трите генерации жени поврзани со крвното родство (баба, мајка, внука) – се темата која е рационално и умешно искористена за една испреплетена и динамична „вистинска“ приказна.

      Ова е роман за длабоката лична и женска драма на ликот, кој пак е прототип на македонската жена на дваесеттиот век, отсликувајќи ја психолошки и дијахрониски македонската ситуација, традиција и менталитет. „Сатанска печурка“ се надоврзува на романот трилогија...

Аксиос ги дели приказните

Ленче Милошевска

150 мкд

178 стр., 200 х 140 мм, 2011 

 

    Дневнички инспириран, романескно напишан Аксиос ги дели приказните на Ленче Милошевска неотстапливо потврдува: Сите ние, заедно со нас и нашите блиски, нашиот катадневен интелектуален и емотивен свет и кога сме сами, сосема сами во планините – не сме сами, му припаѓаме на светот и на времето во кои сме. (Миле Неделковски)