Македоника Литера

Пената на црниот бран

Владимир Илиевски

200 мкд

 170 стр., 200 х 140 мм, 2018

    Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси.

    Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.

      Својата раскажувачка техника, Илиевски не ја затвора во еден унифициран модел. Тој вешто експериментира со начините на раскажување, обидувајќи се притоа секоја од тие наративни техники да ја задржи и да ја оправда својата функционалност во расказот како прозна целина. Според рецензентот на книгата, проф. д-р Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа, и во сето тоа, откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија

Марика и Стравот

Емилија Славковска

100 мкд

 64 стр., 200 х 140 мм, 2018

     Во новелата „Марика и Стравот“ има необична и нестандардна раскажувачка постапка – се раскажуваат приказни и мисли на различни луѓе, наназад, секоја наредна приказна се случува една година порано. Започнува со тажен крај, а завршува со среќен почеток.

     Темите во приказните содржат многу прашања и индивидуални заклучоци за љубовта, смртта, внатрешните конфликти и мисли кои би...

Земјотрес, 5:17

Владимир Плавевски

350 мкд

282 стр./ A5 формат (200x140)

    Владимир Плавевски е еден од ретките македонски писатели во чие прозно творештво доминира Скопје. Таков е и случајот со неговиот најнов роман „Земјотрес, 5:17“. Овој роман на Плавевски се однесува за потресната катаклизма на Скопје на 26 јули 1963 година.

      Плавевски гради динамична и драматична приказна, сугестивно и сликовито ги опишува катастрофата, ужасот, траорот, животните...

Евангелието на трите самовили

Стојмир Симјаноски

300 мкд

274 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

    Второ преработено издание

  „Романот е исечок од животот, драма за барањето на идентитетот градена како словенска антитеза: појава, нагаѓање, погрешно одгатнување и на крајот откривање на болната вистина со што романот заличува на детективска приказна, но без криминалистички елементи.

    Всушност, во двете напоредни приказни во романот со една цел...

Трите века

Саво Костадиновски

150 мкд

148 стр., 200 х 140 мм, 2016

Второ дополнето издание

      „Трите века“ е роман за меланхолијата, носталгијата, љубовта, судбината, родољубивоста... Тој е роман – хроника, односно семејна хроника, со автобиографски елементи, во кој е раскажана суровата животна приказна за трите генерации печалбари од семејната лоза на три различни континенти, а која се протега во три календарски века, сместена во четирите дела на книгата – со вистински настани и личности, како што...