Македоника Литера

И чоек и пес

Владо Димовски

И чоек и пес

150 ден. 

      „И чоек и пес“ (Било – поминало... јас и Бошко Личнио) е роман за животните приказни, за апсурдите што ги носат љубовта и социјалните лавиринти. Авторот со вдахновен, поетичен и згуснат исказ ја `разголува` душата на нараторот – главниот јунак и покажува колку убавините на љубовта може да донесат неубавини.

 „Она што може да се најде на страниците на овој роман не е едноставна животна приказна, ни две приказни, ни само роман, туку распослана душа. Прозата на Димовски е искрена, наместа болно искрена оти болно е да им се погледне в очи на животот и вистината. А она што го чува од патетика овој роман со силен емотивен набој е иронијата. Некои романи се читаат, некои се доживуваат и се чувствуваат. Овој роман, сосема релаксиран од тенденциозните структурни егзибиции, спаѓа во редот на овие вториве.“ (Билјана Велковска, критичар, од поговорот на романот).

Оваа книга, всушност, содржи два романа и пет монолози.

Екот на векот

Томе Богдановски
ЕКОТ НА ВЕКОТ
(раскази) 
150 ден. 

118 стр., 200 х 140 мм, 2012

Повеќето од дваесетте раскази на Богдановски објавени во оваа книга, се веќе вреднувани низ еден објек­тивен вредносен систем – анонимниот конкурс. 

Авторот многу при­родно влегува во имагинацијата, палимпсестната конс­трук­ција и  реалното; во историското и современото темат­ско подрачје, во документаристичкиот и постмодер­ниот наративен дискурс, кој еднаш е едноставен и класично при­казничен, другпат „уверливо“...

Волците од Траперс Блаф

Јосиф Грежловски – Гандето

200 мкд

256 стр., 200 х 140 мм, 2006

      Во романот „Волците од Траперс Блаф“ на Јосиф Грежловски – Гандето, американски автор со македонско потекло, е раскажана американска приказна со словенска душа – едноставна приказна која се доживува како симфонија на животот во која се хармонизирани сите тоналитети што ги изразуваат љубовта, човечките и семејните вредности, но и тагата и радоста, нежните чувства и суровата реалност...

13

Светлана Антиќ Јовчевска

13

150 ден. 

 136 стр., 170 х 120 мм, 2005  

  Во книгата се објавени 13 раскази и нивниот број не е случајно избран, зашто како што вели авторката во предговорната белешка, тоа е противставување на предрасудите но и потсетување на некоја убава 13-ка, на убавото и незаборавното што го носи овој симбол. Но истовремено тоа се и „животни“ раскази во кои станува збор за скриените емоции, забранетите мисли, страста, потајните желби, фрустрациите, лавиринтите на...

Трите века

Саво Костадиновски

120 ден.

 142 стр., 170 х 120 мм, 2005

       „Трите века“ е роман – хроника, која е и епско и лирско ехо на меланхолијата, носталгијата, љубовта, судбината, родољубивоста, содржани во суровата животна приказна за трите генерации печалбари од една семејна лоза на три различни континенти, а која се протега во три календарски века и сместена во трите дела на книгата.

 Со читањето на ова дело се добива...