Македоника Литера

Магичниот папагал (Најдобрата кинеска литература за деца)

Ге Бинг

тврда корица 350 мкд

мека корица 300 мкд

248 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2018

Прочитај повеќе

      Ге Бинг (роден во 1945 година во провинцијата Лиаонинг) во литературата за деца влегува во 1983 година и објавува повеќе од 100 дела со вкупно 10 милиони кинески знаци. Добитник е на неколку високи книжевни наградаи. Неговите најрепрезентативни дела, меѓу кои „Синиот Глушец и Мачорот Големо Лице“, „Малечкиот Заблуден Бог“ и „Малечкиот дух Сивото Гравче“, се адаптирани во цртани серии од страна на Кинеската централна телевизија и повеќепати ги освоиле наградите „Златен орел“ и „Златно момче“.

    Пишува и романи, но најпопуларен жанр во неговото творештво се бајките. Овој авторски избор содржи 16 бајки. Бајките имаат необични, носталгични, дури и тажни приказни. Во пишувањето на бајките авторот го користи пристапот на пишување романи, плетејќи ја приказната и ја нагласуваа читливоста, како на пример прекрасно опкружување, чудни и сложени дејства, додавање драма за одржување и збогатување на имагинацијата, како и изразеното користење духовит јазик.

Превод од англиски јазик: Сибела Ајдинова 

Легенда за мечето Панда (Најдобрата кинеска литература за деца)

Сун Јоуѓун

Meка корица 300 мкд

Тврда корица 350 мкд

226 стр. / A5 формат (200 x 140), 2018

Прочитај извадок

     Сун Јоуѓун (1933 – 2015) во 1990 година тој бил номиниран за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ и бил првиот Кинез воопшто номиниран за таа награда. Негови познати збирки со бајки се: „Авантурата на Малиот Бутоу“, „Чудниот старец“, „Ноќта на продавницата за играчки“ и „Вентилатор без ветер“. Јоуѓун е еден до најтиражните кинески писатели за деца. Уште со својата прва книга...

Мирисливата птица (Најдобрата кинеска литература за деца)

 

 Ѓин Бо

 Meка корица 300 мкд

 Тврда корица 350 мкд

 278 стр. / A5 формат (200 x 140), 2018

 Прочитај извадок

      Книгата содржи шеесетина бајки, избрани од авторот и групирани во четири циклуси. Во предговорот, за бајките пишува: „За децата, имагинацијата е нешто убаво и атрактивно; за писателите, уметничкиот израз на оваа имагинација е поубав и многу поатрактивен, бидејќи една имагинативна приказна ги содржи нивните емоции, мудрост и идеи.  

...

Било и се скрило

Киро Донев

200 мкд

130 стр./ A5 формат (200x140)

      „Било и се скрило“ на Киро Донев содржи повеќе од 80 песни поделени во пет тематски циклуси. Таа е вистински поетски бисер наменет за најмладите читатели, кај кои Донев е најпопуларниот и најчитаниот македонски писател за деца.

    Во неа доминираат хумористично-сатиричните песни, а Киро Донев е познат и толку прифатлив од читателите токму по инвентивниот хумор и ведрина во...

Двете принцези

Натали Спасова

200 мкд

118 стр., 200 x 140

      „Двете принцези“ е авантуристички роман наменет за деца, раскажан динамично со што се задржува нивното внимание. Низ една забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.

...