Македоника Литера

Време на тивки разговори

Ан-Лиз Гробети

150 мкд

 

    Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу поезијата, литературата, љубовта спрема пријателот (човекот) и нацизмот.

      За делото „Време на тивки разговори“, кое е преведено на многу јазици, Ан-Лиз Гробети, во 2001 година, ја доби наградата „Сент Егзипери“, а подоцна и наградата „Сорсиер“.

      Оскар и јунакот на приказната се вистински пријатели – како и нивните двајца татковци, вљубеници  во добрата поезија кои ги врзува длабоко пријателство, кои сакаат да се смеат и да зборуваат до доцна во градината, да цитираат возвишени стихови на големи поети, а потоа и своите стихови... Но еден ден сè ќе се смени... 

      Оваа новела е одлично четиво за пријателство кое секогаш може да им се спротивстави на најлошите појави и да ги победи омразата и насилството. Таа е своевидна лирска балада за вистинското пријателство.

      Нарачај

УМЕЕШ ЛИ ДА СВИРКАШ, ЈОХАНА?

Улф Старк

УМЕЕШ ЛИ ДА СВИРКАШ, ЈОХАНА

200 мкд

 

Печатена целосно во боја.     

Едниот од двата главни лика во приказната, исто така, се вика Улф. Неговиот другар Бера посакува да има дедо. Ама Улф не е Улф ако не е голем другар, па за среќа на својот другар, знае каде може да најде дедо. Го најдоа најдобриот. Дедо, кој го направи најубавиот летачки змеј. И, кој умееше да свирка – нешто што Бера, најмногу од сè, посакува да научи.

  ...

Без татковина

Јохана Шпири

200 мкд.

144 стр./ A5 формат (200x140)

      „Без татковина“ е лирски раскажана приказна за животот на младото момче Рико, кое има виолина, но нема татковина. Тоа е вљубено во својата виолина и во својот роден крај. Неговото мало селце се наоѓа во високите и прекрасни предели на Алпите.

      Кога ќе се симне по стрмниот планински пат, веќе е во друга земја, затоа што ја минува граница на својата татковина. Живее и на едната и на...

Бугарски народни приказни

БУГАРСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ

200 мкд

184 стр./A5 формат (200x140)

Книгата содржи 32 народни приказни, избрани од богатиот опус обработени приказни на Ангел Каралијчев, кој во бугарската литература е познат како голем мајстор на авторизирани приказни, легенди и сказни за деца. Во неговите

приказни централно место зазема карактерно-етичката проблематика, при што доминира доброто како смисла и како цел на човековиот живот. Познат е како слаткоречив, суптилен и луциден раскажувач за кого...

Приказни за добра ноќ од цел свет

ПРИКАЗНИ ЗА ДОБРА НОЌ ОД ЦЕЛ СВЕТ

раскажани од Киро Донев

300 мкд

203 стр./ A5 формат (200x140)

Книгата содржи избрани народни приказни од земјите и народите од сите меридијани на Земјината топка.

Нив ги раскажувале луѓето, со години, со децении, со векови, оделе од колено на колено, сѐ дури не се нашол некој да ги запише, за да состанат до денешен ден, и ете, да се најдат и меѓу кориците на оваа книга, и натаму да се читаат и раскажуваат. Приказните во оваа книга се адаптирани за...