Ранко Младеноски
350 мкд
314 стр., Б5 (240 х 170 ), 2016 г.
Оваа книга на Ранко Младеноски претставува обемна, темелна и детална студија во која се елаборира застапеноста на македонскиот крал Александар III Македонски во македонските книжевни дела како лик (но и како лирски субјект во поезијата), и тоа, пред сè, од аспект на неговата улога како лик-знак што поврзува бројни народи и култури.
Книгата е конципирана во четири дела, и тоа: 1) Историја; 2) Теорија; 3) Македонска книжевност и 4) Прилози. Во првиот дел е извршен преглед на историските збиднувања од времето на Александар Македонски, односно од 4 век пр. н.е., при што е даден и еден детален опис на освојувачкиот поход на Александар во Египет и на азискиот континент. Во овој дел авторот се покажува и како компетентен проследувач на македонската античка историја, при што „полемизира“, демистифицира или ревидира веќе востановени гледишта во македонската историографија. Тој пишува за многуте отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија кои долго време се тема за полемизирање меѓу историчарите. Основните проблемски прашања за кои се полемизира се, пред сè, етничката припадност на античките Македонци, припадноста или неприпадноста на античките Македонци кон хеленскиот свет, карактерот на походот на Александар III Македонски во Азија (дали тој поход е македонски или хеленски), посебноста на античката македонска култура, јазикот и „писмото“ на античките Македонци, чиј е Александар Македонски (на денешните Македонци или, пак, на денешните Грци), односно кој е денешен наследник (автентичен) на античките Македонци и слично. Младеноски, кој докторираше на тема за ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во...