Македоника Литера

Вовед во Македонистиката

Димитар Пандев
Вовед во Македонистиката
200.00 ден.

Основните теми што се обработуваат во оваа книга се: македонизмите на преминот од филологија во историска лингвистика, македонскиот јазичен тип на преминот од историска во општа лингвистика и македонскиот јазик во општата лингвистика.

Во оваа книга, која има општолингвистички пристап кон македонистиката и македонистички пристап кон општата лингвистика, основниот временски контекст на настаните и делата изнесува еден век, и поточно од 1844/1845 до 1944/1945 година (од времето на првите филолошкоетнографски истражувања во Македонија до времето на настаните поврзани со официјалната кодификација на македонскиот јазик); проширениот контекст изнесува век и половина, од 1815 (од забележувањето на првиот македонски текст за чисто научни потреби, настан што речиси се совпаѓа со почетоците на споредбеноисториското проучување на јазиците до заокружувањето на Речникот на македонскиот јазик, том трети – 1965 година), при што долната граница се поставува до првоевидентираниот словенски ракопис по потекло од Македонија – Асемановото евангелие (1736). Во изложувањето на темата авторот се определил за пристап што во основа е лингвокогнитивен и лингвокултуролошки. Имено, тој во пристапот го препознава личниот и колективниот (авторски) код на научниците што го откриле и што го препознале кодот на македонскиот јазик во општата лингвистика. Оваа процедура ја надоврзува на клучниот пристап во когнитивно-културолошките проучувања на јазикот – проучувањето на јазичната личност во современите лингвистички теории.

Книгата е замислена како синтетизиран вовед во историјата на македонистиката, а не како историски преглед на македонистичките проучувања.

Мисла и смисла

Нове Цветаноски

100 мкд.

236 стр./ A5 формат (200x140)

      Книгата содржи над педесет теориски, критички и есеистички текстови, и претставува избор од близу тридецениската литературнокритичарска актива на авторот.

      „Мисла и смисла“ е составена од два дела. Првиот дел, насловен „Читање и толкување“ содржи еден обемен теориски текст – „Толкувањето на поезијата“, кој всушност е студија за толкувањето на литературното дело, првенствено на песната, и во него се перципирани сите...

Јазикот како егзистенцијален модел

Маринко Митков
Јазикот како егзистенцијален модел
150 мкд

Во овој труд авторот дава одговор на прашањето: зошто јазикот како најефикасно и спознајно средство најдобро опстојува во историјата на човештвото, односно се прикажува јазикот како модел со кој ќе се моделира егзистенцијата на човекот, што е необичен потфат во досегашната теоретска практика, која досега се задоволувала повеќе со неговиот адекватен опис.

Во трудот претежно се користи материјал од македонскиот јазик. Целта...

Поетскиот дискурс во наставата

Ана Витанова Рингачева
ПОЕТСКИОТ ДИСКУРС ВО НАСТАВАТА
200,00 ден. 

Предмет на истражување на Ана Витанова Рингачева во овој труд е поезијата и нејзините специфики, особености и различности, со посебен акцент на интерпретацијата на поетскиот текст во наставата по литература во средното образование.

 Трудот е поделен на три дела, насловени со: 1. Уметноста во сите нејзини форми, 2. Поезијата како акт на комуникација и 3. Наставна...

Невролошката основа на говорот и јазикот

Јордан Јорданоски

300.00 ден.

239 стр./ A5 формат (200x140)


       „Невролошката основа на говорот и јазикот (развиток и патологија на фонетската страна на исказот кај носителите на македонскиот стандарден јазик)“ од д-р Јордан Јорданоски е единствен труд од овој вид во Република Македонија.

Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш се предмет на проучување во повеќе научни дисциплини, но овде за првпат се научно обработени состојбите со македонскиот стандарден јазик...