Весна Мојсова - Чепишевска
150.00 ден.
261 стр./A5 формат (200x140)
„Мал книжевен тестамент“ претставува избор од текстови настанати во периодот од 2001 до 2006 година како резултат на интензивно критичко-есеистичко интересирање и проучување на македонската литература од авторката.
Најголем број од текстовите се студии подготвени за значајни научни собири и симпозиуми во Република Македонија и во странство. Во оваа книга Мојсова - Чепишевска подеднакво се интересира и за прашања за кои веќе доста е пишувано, но за кои се покажува дека никогаш не е доволно пишувано како на пример за предговорот кон Зборникот на Миладиновци, или за култната книга „За македонцките работи“, или за Конески, како и за првиот роман на македонски јазик. Пишува и за дела од најновата македонска литература (Маџунков, Андоновски, Михајловски, Ќорвезировска, раскажувачот Ренџов, Османли, Ж. Кујунџиски). Книгата е конципирана во четири поглавја - првиот дел й го посветува на книжевно-историската наука, вториот е во знакот на македонската драма (битовата и современата, и модерната и постмодерната), а во третиот и четвртиот дел авторката му се посветува на современиот македонски прозен дискурс.