Македоника Литера

Литературните погледи на Димитар Митрев

Науме Радически

Литературните погледи на Димитар Митрев

150 мкд

      Овој труд е аналитичка студија за фундаменталните димензии на литературно-естетичката мисла (естетичките, литературнотеориските, критичките, литературноисториските погледи и аналитички резултати) на основоположникот на македонската литературна критика и литературна теорија Димитар Митрев. Посветен е главно на основните сфери од неговата литературно-естетичка мисла и актива.

      Прашањата за естетичките погледи на Митрев се групирани околу неговата литературнотеориска, литературноисториска и критичарска мисла и практика. Со самото тоа се конкретизираат и неговите општи естетички погледи и, посебно, погледите кон реализмот во литературата и уметноста, неговите сфаќања за критиката, како и критичарската практика, неговите сфаќања и аналитички резултати од проучувањата на литературното минато, како и кај него неизбежната полемичарска активност.

Ракописната традиција во македонските цркви и манастири, кн. 1

Добрила Миловска

Ракописната традиција во македонските цркви и манастири

200 мкд

      Во книгата, која е означена како прва, се претставени девет манастири во кои било создадено големо културно наследство - „Св. Јован Бигорски“, Лесновскиот „Св. Архангел Михаил“, Марковиот „Св. Димитар“, „Св. Прохор Пчињски“, „Св. Јоаким Осоговски“, „Трескавец“, „Зрзе“, „Св. Пантелејмон“ и Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“.

      Освен куси податоци за историјатот на нивното...

Апокрифите во македонската писмена традиција, кн. 1

Виолета Мартиновска

Апокрифите во македонската писмена традиција, кн. 1

200 мкд

      Во книгата се анализирани два значајни средновековни ракописа од Македонија – Тиквешкиот (XV) и Попдраголевиот зборник (XIII). Поточно, во трудот е обработена историјата на проучувањата на преписите од овие два зборника, извршена е споредба на Библијата со апокрифите, анализиран е Аврамовиот циклус во Тиквешкиот зборник, како и циклусот на виденијата во двата зборника, а се приложени факсимили од апокрифните...

Поетиката на Григор Прличев:Стилскиот израз во Арматолос и Сердарот

Александра Ѓуркова
ПОЕТИКАТА НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ: СТИЛСКИОТ ИЗРАЗ ВО АРМАТОЛОС И СЕРДАРОТ
150.00 ден.

       Компаративната стилска анализа на двете поеми како методологија на обработка има за цел да ги посочи принципите на создавање и на ресоздавање на едно поетско дело, а спецификата – тоа што оригиналната поема е напишана на грчки ајзик, уште повеќе придонесува кон потребата од продлабочено опфаќање на повеќејазичните влијанија: хомеровски и нехомеровски во поетскиот...

Есејот (Македонско искуство)

Татјана Б. Ефтимоска
Есејот(Македонско искуство)
200.00 ден.
          Книгата се занимава со одбрана на тезата дека во македонската книжевност есејот е рамноправен со другите, веќе прифатени жанрови, како расказот, романот или поемата.

„Есејот како размисла, како став – пишува авторката – му е својствен на секое мислечко битие. Писателот не е божествено предодреден за есеистичкиот запис; ниту, пак, е тоа новинарот или кој и да е автор на кого занимавањето со Зборот му е дел од професионалниот...