Македоника Литера

Круме Кепески СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Круме Кепески

СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

300 мкд

      Книгата содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и

      за одделни јазични прашања; на методиката на наставата за македонскиот јазик; и на лексиката на македонскиот јазик.

Овие трудови на Кепески во најголем дел овде првпат се објавени и се исклучително значајни од лингвистички и културолошки аспект поради фактот што тој е авторот на првата Македонска граматика, основоположник на граматичарската дејност во Република Македонија и најплодниот автор со дури педесетината изданија на граматики на македонскиот јазик наменети за образованието. Трудовите на Круме Кепески го одбележуваат и развојниот пат на македонскиот литературен јазик.

Златото на литературата

Кристина Николовска 

100 мкд.

116 стр./ A5 формат (200x140)

„Златото на литературата“ претставува есеистичко-аналитичен труд посветен на творештвото на Венко Андоновски, односно првата монографска публикација за него.

Книгата е резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на творештвото на овој македонски автор. Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со раскошниот и блескав писател полиграф, но и дом на: студии, поетизирани есеи...

Македонски црковни псалти од 19 век

Михајло Георгиевски

200 мкд

160 стр./ A5 формат (200x140)

 

Во „Македонски црковни псалти од 19 век – автори на музички книги и ракописи“, е презентирана црковно-музичката дејност на близу 30 црковни пејачи од Македонија коишто, покрај својата псалтирска музичка дејност, напишале и нотирани музички ракописи со невматска нотација на источното црковно пеење.

Македонските црковни псалти и музичките рако­писи составени од нив, по кои се пеело во...

Поезија - Небо

Кристина Николовска
ПОЕЗИЈА – НЕБО      
100 мкд

Книгата на Кристина Николовска „Поезија – небо“ е есеистичко-аналитичен труд посветен на поезијата на Славе Ѓорго Димоски. Таа е резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на поезијата на овој македонски автор.

Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со поетот, но и: студии, поетизирани есеи, критики, рецензии и анализи, воскренати од творечкото поетско небо“, односно дека „целата...

Литературна раскрсница

Науме Радически

200.00 ден.

300 стр./A5 формат (200x140)

(Државна награда „Гоце Делчев“, 2007)

       Книгата Литературна раскрсница, која содржи огледи и критики за автори и дела од струшкиот регион, го прикажува проф. д-р Науме Радически во целосна светлина и како истражувач, и како аналитичар и критичари, и како есеист, кој задлабочено се внесува во културолошките истражувања и одговара на прашањата за елементите на поврзаноста меѓу подвигот на браќата Миладиновци и нивниот потесен...