Најнови изданија
Blue moon
Дамир Каракаш
BLUE MOON
150 мкд.
120 стр./ A5 формат (200x140)
Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век.
Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на улица или во семејните разговори. Се соочува со судир на младешката супкултура и трауматичното семејно наследство. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Романот претставува слоевито збогување на јунакот со една младост и со едно време на безгрижност и студентска слобода и влегување во „светот на возрасните“, односно во сериозната доба во животот
Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната а идниот избезумен татко од прозорецот гледа како минува камион полн со мртви тела. Во приказната има епизоди од детството на главниот лик, кои всушност се случуваат во Лика – родниот крај на нетипичниот хрватски писател Дамир Каракаш. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е автобиографски.
Здивена
Марина Шур Пухловски
200 мкд.
198 стр./ A5 формат (200x140)
„Здивена“ е роман кој ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“ и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.
Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна...
Обител
Захар Прилепин
600 мкд.
663 стр./ A5 формат (200x140)
Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг.
Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао Соловецкиот...
Реторички лексикон на поими и дефиниции
Трајко Огненовски
600 мкд
„Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски, претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.
„Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички...
Пената на црниот бран
Владимир Илиевски
150 мкд
Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси.
Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.
...
Македонскиот 19 век
300 мкд
„Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...
Овој период е од витална важност за опстојувањето на Македонците како народ и ... најважните потези по...