Најнови изданија
Горалите скокачи
Шен Шиси
150 ден.
148 стр. / A5 формат (200 x 140)
Новелата „Горалите скокачи" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси.
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво.
Броеница
Тамта Мелашвили
150 ден.
96 стр. / 150 ден.
Лиричност од Шекспирова
Ѓоре Ѓелев
200 ден.
76 стр. / A5 формат (200x140)
„Лиричност од Шекспирова“ е дебитантска збирка поезија на Ѓоре Ѓелев.
Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, смел и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.
Суво мастило
Владимир Илиевски
300 ден.
318 стр. / A5 формат (200x140)
Звукот на формирањето на солта : раскази на генерациите од постосумдесеттите години во Кина
Генг Сонг , Ќингсианг Јанг
300 ден.
368 стр. / A5 формат (200x140)
Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина. Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и изучување...
Подемот и падот на кинеските династии
Ма Сиоадонг
150 ден.
205 стр. / A5 формат (200x140)
КНИГА СО ПРИКАЗНИ ЗА КИНЕСКИТЕ КРАЛЕВИ, ЦАРЕВИ, ПРИНЦОВИ И ПРИНЦЕЗИ
Пет илјади години кинеска историја раскажана во сто приказни. Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни...
Трословната книга
150 ден.
123 стр. / A5 формат (200x140)
Книгата „Трословната книга" претставува книжевно дело кое го опфаќа повеќемилениумскиот идеал на кинеската цивилизација, напишано во XIII век и неколку векови останува базично едукативно четиво за восприемање на суштината на кинеската култура, филозофија, историја, етика и хуманизам. Овој некогашен буквар за моралните вредности во Кина, всушност претставува сублимат на целокупната кинеска и далекоисточна култура...
Книга за Македонија
Лудвик Куба
400 ден.
242 стр. / A5 формат (200 x 140)
Како славниот Чех Лудвик Куба ја запознал, истражил, нацртал, насликал и ја опишал Македонија во 1925 и 1927 година?
Извонредни патописни и ликовни сведоштва за Скопје, Скопска Црна Гора, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Преспа, Галичник, Смилево, Трескавец...
Книгата „Kнига за Македонија" содржи и 20 репродукции во...
Вовед во кинеската култура
Је Ланг
Џу Лиангџи
300 ден.
276 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020
Книгата е монографско илустирано издание за кинеската култура: Лао Це. Таоизам. Конфучиј. Конфучијанство. Сун Цу. Храмот на Небото. Филозофијата на животот. Еколошка естетика. Кинеското писмо. Свилата. Патот на свилата. Навигација. Големиот кинески ѕид. Забранетиот град. Теракотната армија. Будизам. Калиграфија. Древна уметност. Музика. Кинеско сликарство. Порцелан. Кинески градини...
Мајката чакал Скарфејс
Шен Шиси
150 ден.
177 стр. / A5 формат (200x140)
„Мајката чакал Скарфејс“ е роман за суштинската поврзаност меѓу најнеoчекуваните сојузници – чакалите и луѓето, како и за врските кои се испреплетуваaт меѓу нив.
Скарфејс и нејзината глутница златогрби чакали живеат тежок живот. Омразени и несфатени, постојано се прикриени, подалеку од очите на луѓето. Чампа, селскиот ловец, ги грабнува младенчињата на чакалите заради одмазда, со намера да ги искористи за да ја...
Лисицата трговец
Шен Шиси
150 ден.
205 стр. / A5 формат (200x140)
Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното...
Така зборуваше Лао Це:Тао Те Кинг – нов превод со коментари
Чарлс Ќ. Ву
250 ден.
349 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020
„ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг“ е книга од Чарлс Ќ. Ву, кинеско-американски универзитетски професор и експерт за таозимот и кинеската култура.
Книгата е двојазична, на македонски и на англиски јазик, а поглавјата од „Тао Те Кинг“ се објавени и на кинески јазик. Во обем од 352 страни, книгата е издание исполнето со мудростите на еден од најголемите кинески филозофи.
...
Во време на епидемија
Паоло Џордано
150 ден.
„Не се плашам да се разболам. Тогаш од што се плашам? Од сѐ што епидемијата може да промени. Да открие дека оклопот на човештвото што го знам е кула од карти. Се плашам од поништување, но и од неговата спротивност: дека стравот ќе помине без да нѐ промени однатре“ – пишува Паоло Џордано во своите есеизирани и луцидни приказни од својата карантинска епизода.
...
Водич за заштита од короновирусната болест
Симнете ја бесплатната е-книга
Книгата „Водич за заштита од короновирусна болест" на Бирото за превенциjа од болести и контрола на Националната здравствена комисиjа на Народна Република Кина има за цел да се шират знаењата за ковид-19 и да се добие поjасна слика, за да можат луѓето да останат мирни и да бидат подобро подготвени за да се заштитат што повеќе.
Книгата е бесплатна и може слободно да се превземе од погорниот...
По трагите на древните цивилизации
Искра Тасевска Хаџи-Бошков
300 мкд.
289 стр./ A5 формат (200x140)
Во книгата се синтетизирани разновидните проучувања кои се однесуваат на најдревните културни традиции, писма и литератури. Книгата овозможува детален увид во специфичностите на одделните цивилизации, а посебно на древните литератури кои им припаѓаат на тие цивилизации. Во неа се опфатени месопотамската, египетската, индиската и хеленската цивилизација. Посебно се обработени најрепрезен...
За жените
Бинг Син
250 мкд .
171 стр./ A5 формат (200x140)
Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?
Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за
...
Мудроста на Конфучиј: Научете да бидете врвен лидер
Каспер Ших
300 мкд.
188 стр./ A5 формат (200 x 140)
„МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших е врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за...
Адам и Ева
Ливиу Ребреану
300 мкд.
288 стр./ A5 формат (200x140)
„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди. Главниот лик на романот, Тома Новак...
Летото на Поер (Најдобрата кинеска литература за деца)
Џанг Ѓие
Мека корица 150 мкд
Тврда корица 200 мкд
207 стр./ A5 формат (200x140)
Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.
Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
„Бистрите очи на момите лебдат пред мојот...
Приказните на Фанг Гуоsи(Најдобрата кинеска литература за деца)
Џоу Жуи
Мека корица 150 мкд
Тврда корица 200 мкд
243 стр./ A5 формат (200x140)
„Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор. За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи...
Шаманизмот во македонската народна традиција
Ана Витанова-Рингачева
400 мкд
„Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и
содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози.
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите
основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата
рефлексија врз...