Најнови изданија
Мудроста на Конфучиј: Научете да бидете врвен лидер

Каспер Ших
300 мкд.
188 стр./ A5 формат (200 x 140)
„МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших е врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.
Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфучиј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или завладеење со една земја. „Гледиштата на Конфучиј за принципите на односот надреден –подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.
„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање н себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа... Конфучиј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа`. `Ако ги водиш луѓето доблесно...
Адам и Ева

Ливиу Ребреану
350 мкд.
288 стр./ A5 формат (200 x 140), 2020 г.
„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди. Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер...
Летото на Поер (Најдобрата кинеска литература за деца)
Џанг Ѓие
Мека корица: 300 мкд
Тврда корица: 350 мкд
207 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019
Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.
Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
...
Приказните на Фанг Гуоsи (Најдобрата кинеска литература за деца)
Џоу Жуи
Мека корица 300 мкд
Тврда корица 350 мкд
244 стр. / A5 формат (200 x 140 мм), 2019
„Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор. За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам...
Шаманизмот во македонската народна традиција
Ана Витанова-Рингачева
550 мкд
304 стр., 240 х 170 мм, 2019
„Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози.
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата рефлексија врз животот на дадена зедница.
...
Blue moon
Дамир Каракаш
200 мкд.
120 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019
Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век.
Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на...
Здивена

Марина Шур Пухловски
200 мкд.
198 стр./ A5 формат (200x140)
„Здивена“ е роман кој ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“ и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.
Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна...
Обител

Захар Прилепин
700 мкд.
664 стр. / A5 формат (200 x 140)
Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг.
Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао...
Реторички лексикон на поими и дефиниции
Трајко Огненовски
700 мкд
464 стр., Б5 (240 х 170), 2019
„Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски, претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.
„Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката...
Пената на црниот бран
Владимир Илиевски
200 мкд
170 стр., 200 х 140 мм, 2018
Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси.
Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.
...Весел зоо парк
Киро Донев
200 мкд
трето издание
96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.
Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.
И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до...
Македонскиот 19 век
300 мкд
„Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...
Овој период е од витална важност за опстојувањето на Македонците како народ и ... најважните потези по...

