Најнови изданија
Баш сум хепи!
Сања Пилиќ
200 ден.
118 стр., 200 х 140 мм, 2023
Сања Пилиќ во својата проза посебно сочувствува со девојчињата и момчињата во пубертетот. Нејзините раскази и романи започнуваат без долги воведи и доминираат неформални, хумористични дијалози. Таа создава мост на разбирање меѓу возрасните и децата, почитувајќи ги и двете возрасти. Нејзиниот вокабулар е разговорен, а речениците ѝ се куси и исполнети со ведрина. Чувствата отворено се изразуваат, а чест е внатрешниот монолог. Таа сака ненадејни и импресивни моменти и има својот уникатен стил, кој е многу препознатлив за неа
„Баш сум хепи!" е збирка раскази за деца од помлада училишна возраст, за оние кои се пред прагот на тинејџерската возраст. Сања Пилиќ во „Баш сам хепи!“ носи низа искуства од животот на децата на духовит, луциден и забавен начин. Дискретно поучна, оваа книга ги истакнува сите важни работи што едно дете на таа возраст треба да ги знае: важноста на учењето, пријателството, одговорниот однос кон себе и кон другите, но и важноста на играта и забавата.
Раскажани во прво лице, тие содржат динамика, љубопитност, радосни мисли, забава, мечтаење, возбуда и многу повеќе од ковчежето на ведрината што го има авторката. Во некои раскази поцрвенуваат ушите од заљубеност, а на некои наеднаш им се појавуваат три мозолчиња на носот. Но има уште необични и интересни моменти. А сите раскази се однесуваат на растењето, зреењето и раѓањето на симпатиите.
Превод од хрватски јазик: Ленче Тосева, Славчо Пеев
Неразбудениот
Ранко Матасовиќ
250 ден.
188 стр., 200 х 140 мм, 2023
„Неразбудениот“, е роман со автобиографски елементи, хроника на загрепското поднебје и хрватското општество од 1920-тите до 2000-тите години. Животот на Радован Маретиќ, главниот јунак на овој роман, е опишан низ погледите на луѓето од неговата околина – семејството, пријателите, соработниците, љубовницата… Секој од нив додава по едно камче во мозаикот кој го создава ликот, кој ја создава личноста. Авторот вешто го крие сезнајниот...
Поглед отстрана. Рацин (1908 - 1943)
Горан Калоѓера
250 ден.
134 стр., 200 х 140 мм, 2023
Заштита на историскиот град Пекинг: клучни термини
250 ден.
154, 200 х 140 мм, 2023
Оваа книга содржи 110 клучни концепти за заштитата на историскиот град Пекинг, каде централно место има познатиот Забранет Град. Концептите се дефинирани од аспект на историјата, урбанистичкото планирање, системот за заштита и конзервацијата на ревитализираниот стар Пекинг, во кој се наоѓа најголемиот и најдобро зачуван владетелски комплекс од дрвени палати во светот.
Пекинг има историја од повеќе од 3000 години...
Социолингвистика
Александра Ѓуркова
Социолингвистика
Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација
500 ден.
362 стр, Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната компетенција, јазичните политики во светот и социолингвистичките прашања за...
Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески
Јованка Кепеска,
приредувач
400 ден.
212 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби.
Во оваа книга е објавени текстови за развојот на македонскиот литературен јазик; обраќања при одбележувањата на годишнини од првата македонска...
Се викам Селма
Селма ван де Пере
350 ден.
202 стр., 200 х 140 мм, 2023
„Се викам Селма“ е неверојатна мемоарска книга на една Еврејка, жена борец на Отпорот во Холандија, која преживеала нацистички кампови и логори. Кога избувнала Втората светска војна имала само 17 години. Тоа што била Еврејка дотогаш не играло никаква улога во нејзиниот живот, но наеднаш станало прашање за живот и смрт. Користела лажен идентитет и ги преживеала воените ужаси и мачеништвата во логорите. За тоа време никој не знаел дека...
Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото
Цуи Јунхуа
Ли Чи
200 ден.
124 стр., 200 х 140 мм, 2023
Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите, и...
Во главата на Бруно Шулц
Максим Билер
150 ден
56 стр., А5 (200 х 140), 2023
Во новелата „Во главата на Бруно Шулц“ Максим Билер раскажува приказна за големиот еврејски писател Бруно Шулц. Во оваа магична, трагикомична, бурлескна новела, тој ни нуди патување до полскиот град Дрохобиц, во светот на Бруно Шулц, во 1938 година. Нè води во подрумот каде што Бруно Шулц, кој работи како гимназиски професор по уметност и сонува за писателска слава во Европа, му пишува писмо на Томас Ман. Тој се надева дека светски...
Русинката
Џиб Михаеску
500 ден
200 х 140, 320 стр., 2023
Ремек-дело на еден од најголемите романски класици.
Еден од најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.
Дејството – на границата меѓу Романија и Русија, набргу по Октомвриската револуција.
Главен лик – романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и романтичниот порив спрема жените кои се неговата најголема опсесија. Дали тој ќе го најде својот...
Оган во снегот
Лука Вукушиќ
250 ден.
158 стр,, 200 х 140 мм, 2023 г.
За книгата со раскази „Оган во снегот“ Лука Вукушиќ ја доби наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.
Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во...
Тајни незнајни
Киро Донев
200 ден.
116 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.
Адела
Гарабет Ибраилеану
250 ден.
160 стр., 200 х 140 мм, 2023 г.
„Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта.
Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.
Суштината на романот е анализата направена од четириесетгодишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од...
Разбирање на Кина: 100 клучни термини
200 ден.
128 стр., 200 х 140 мм, 2023
Толкување на кинеската мудрост во сто термини од аспект на „филозофската, историската и животната мудрост“. Содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина.
За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста...
Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт
Ченг Хон
Сие Веи
Ванг Чен
200 ден.
138 стр., 200 х 140 мм, 2023
Традиционалните спортски активности на народот Хан и на етничките групи во Кина се значаен дел од кинеската спортска и национална култура. Тие се содржани и во кинеската традиционална филозофија, како и во разните размислувања за природата на животот, за одржувањето на динамичната рамнотежа меѓу човекот и природата, меѓу луѓето и внатре во самата индивидуа.
...
Црвена вода
Јурица Павичиќ
400 ден.
320 стр., 200 х 140 мм, 2023
Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција.
Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемвриска сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат...
Детето на ветрот
Ванг Ѓунсин
250 ден.
172 стр., 200 х 140 мм, 2022
„Детето на ветрот“ е дело на фантазијата што го раскажува магичниот живот на Бенбен во долината „Сребрена Трева“. Со интересни ликови, со топол и нежен тон, убаво напишана и со бујна имагинација, оваа книга гради бајковит свет на убавина, добрина и чистота. Бенбен е дете на ветрот. Бенбен може да го разбере јазикот на животните, да комуницира со самовили; патува наоколу со мајка му – ветер, ја решава кризата на една земја и спасува животи на...
Децата во мобилниот телефон
Џоу Син
250 ден.
174 стр., 200 х 140 мм, 2022
„Децата во мобилниот телефон“ опфаќа современа тема и проблеми предизвикани од технолошкиот развој кои се случиле во најново време. Малата Шун мисли дека нејзините родители се неодговорни. Тие се препуштени на игрите на телефон и таа мисли дека тие повеќе го сакаат телефонот од сопственото дете. На својот роденден, малото девојче посакува да влезе во нејзиниот „непријател“ за нејзините родители да поминуваат повеќе време со неа. Еден ден, желбата...
Клучните концепти во кинеската традиционална медицина, т. 2
Клучните концепти во кинеската традиционална медицина, т. 1
Типологија на писмото
Игор Радев
350 ден.
Формат: 240 х 170, Обем: 134 стр., Година: 2022
Оваа книга е компаративно и научно изведена студија за видовите писма во светот, историјата и развојот на писмата, но и за писмата како фактор на влијание во развојот на културните системи низ историјата на човештвото. Врз основа на прецизни методолошки рамки авторот нуди нова типологизација на системите на пишување што се користат во светот.
Книгата...




