Најнови изданија
За мајките сè најдобро
Сања Пилиќ
300 ден.
126 стр., 200 х 140 мм, 2025
Роман за проблемите на пишувањето роман, за техниката, ликовите, заплетот, но и за животот на писателот, за неговиот социјален и финансиски статус, но и за мајчинството, ама од перспектива на мајка која чувствува дека прерано пораснала и дека нејзиниот „возрасен“ живот не ѝ дозволува многу работи за кои копнее. Тоа се одредени детски желби и фантазии, но и време за себе и за сопствените интереси.
Романот зборува и за семејното секојдневие, за обичните мајчински проблеми, за готвењето ручек, детските игри и проблеми, брачните врски и пријателствата. Сепак, сè е раскажано од перспектива на мајката која, како и сите други, има свои индивидуални потреби, проблеми и соништа што се во спротивност со нејзиниот мајчински идентитет.
Ова е првиот роман на хрватската писателка Сања Пилиќ, првпат објавен во 1990 година, за кого ја доби книжевната награда „Григор Витез“.
Овој роман зборува за проблемите на пишувањето, за техниката, ликовите, заплетот, но и за животот на писателот, за неговиот социјален и финансиски статус и за проблемот на усогласување на пишувањето како професија и за семејниот живот. Зборува за мајчинството, но од перспектива на мајка која чувствува дека прерано пораснала и дека нејзиниот „возрасен“ живот ѝ забранува многу работи за кои копнее. Тоа се одредени детски желби и фантазии, но и време за себе и за сопствените интереси.
Романот зборува и за семејното секојдневие, за обичните мајчински проблеми, за готвењето ручек, детските игри и проблеми, брачните врски и пријателствата. Сепак, сè е раскажано од перспектива на мајката која, како и сите други, има свои индивидуални потреби, проблеми и соништа што се во...
Речник на псевдонимите во македонската книжевност
од првата половина на ХХ век
Славчо Ковилоски
400 ден.
142 стр., 200 х 140 мм, 2025
Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.
Во Речникот се наоѓаат книжевни...
Јуначки приказни
Киро Донев
Илустрации: Миле Топуз
400 ден.
98 стр., 240 х 170 мм, 2025, печат во боја
Приказни за историјата на Македонија од илинденскиот период: за битката на Мечкин Камен во 1903 година, Питу Гули, Гоце Делчев, Христо Узунов, Пере Тошев, Јордан Пиперката...
Историско четиво во вид на приказна за вистински настани и личности.
„Јуначки приказни“, наменети...
Кутриот Дионис
Михај Еминеску
200 ден.
70 стр., 200 х 140 мм, 2025
„Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозофска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и на антички мотиви, третирајќи теми како патување низ времето и реинкарнација низ објективот на посткантовскиот идеализам. Централниот...
Ѕвездата без име
драмаНеобјавен фељтон
Владимир Илиевски
300 ден.
158 стр., 200 х 140 мм, 2025
Приказни од мојот крај
Киро Донев
200 ден.
84 стр., 200 х 140 мм, 2025
Неповратно
Афоризми
Дилјан Бенев
200 ден.
84 стр., 200 х 130 мм, 2025
Во својата книга „Неповратно“ (ориг. – „Необратимо“) бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев, на читателот му нуди афоризми кои според својата структура, симболика и метафорика го потврдува необратливото, необратното, непревртливото, непревртеното, непресвртното во секојдневната реалност – што е контрапункт на логиката, разумот и човечноста.
Книгата содржи близу 450 афоризми и е...
Досада
Алберто Моравија
500 ден.
302 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.
„Досада“ е храбар, евокативен, никогаш досаден роман. „Досада“ нуди длабок и безмилосен портрет на поединец лишен од интегритет. Романот дава детали за два маестрално изградени лика кои се сосема различни и необични, но сепак пленуваат. Ова е фасцинантен и провокативен роман кој ги истражува односите меѓу здодевноста, сексуалната опсесија и богатството во општествените слоеви во Рим од 1950-тите.
...
Бели мугри
фототипно издание
К. Рацин
150 ден.
32. стр., 200 х 140 мм, 2025 г.
Фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“. Оригиналното издание е печатено во Самобор, Хрватска, а како место на издавање стои Загреб.
Во својата книга за Рацин „Поглед острана. Рацин (1908 - 1943)“ („Македоника литера, 2023) акад. Горан Калоѓера за печатењто на „Бели мугри“ пишува:
- Поради интензивниот прогон на...
Либерализмот во Македонија (1966 – 1974)

второ дополнето и проширено издание
Невен Радически
400 мкд
210 стр., 200 х 140 мм, 2025
Пресметките на македонската политичка сцена кон крајот на 60-тите и во почетокот на 70-тите години на ХХ век претставувалe дел од политичките пресметки во југословенската федерација и биле рефлексија на сè поизразените национални, економски и политички разлики меѓу републиките и покраините.
За да не му бидат загрозени позициите во СКЈ, со поддршка на конзервативните...
Јас не сум прељубница
Лиу Џенјун
500 мкд
296 стр., 200 х 140 мм, 2025
Оригиналниот наслов на „Јас не сум прељубница“ е „Јас не сум Пан Џјинлиан“. Пан Џјинлиан е познат лик од кинеската книжевност – таа е најпознатата прељубница во историјата на кинеската книжевност. Англискиот превод на насловот на овој роман е „Јас не го убив маж ми“, а на филмот снимен според овој роман – „Јас не сум госпоѓа Бовари“.
Лиу Џенјун (1958) е кинески...
Република Македонија и југословенската федерација: 1944 - 1963
Невен Радически
300 ден.
178 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Предмет на научниот интерес во овој труд претставува општествениот, политичкиот, културниот и економскиот развој на современата македонска држава во периодот меѓу 1944 и 1963 година. Првиот, наедно и најкраток период од овој временски распон, т.н. асномската фаза во развојот на македонската држава, започнува со Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) 2 август 1944 година и...
Таласа
Александру Македонски
250 ден.
130 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024
„Таласа“ е роман што наликува на идила како пасторалата од античко време „Дафне и Хлоја“ од Лонг и која кореспондира со античките митски времиња, но измешана со елементи на вдахновена лирска инспирација и со модерни процеси и состојби. Александру Македонски овој роман го извел во стил на прозна песна и во манир на симболите на старата поезија, но и со филозофски пев. „Таласа“ врзува многу нишки од изворите на старата и...
Конформист
Алберто Моравија
500 ден.
304 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024 г.
Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Алберто Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив...
Романски народни приказни
Петре Испиреску
600 ден.
422 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Многу генерации романски деца растеле и сè уште растат со приказните на Петре Испиреску. Тој е исто што и Марко Цепенков за Македонците, браќата Грим за Германците, Х. К. Андерсен за Данците, Шарл Перо за Французите.
На страниците на оваа книга се оживеани кралеви и кралици, принцови и принцези, храбри херои, чудесно убави самовили, змејови и ламји, вештерки, маѓепсници, маѓепсани животни и секакви други чудни и незаборавни ликови. Во...
Анимистичките концепти во сказните
Розе Нешковска Славковска
300 ден.
144 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Предмет на истражување во овој труд е анимистичкиот концепт за надворешната душа и неговото присуство во македонскиот сказничен фолклор. Анимистичките претстави во сказните се толкуваат од аспект на примитивните анимистички концепти кои се универзални во сказните на сите народи во светот. Книгата содржи интерпретации на фолклорните мотиви со митолошко-ритуалистичката експликација на врвните митолози, антрополози и...
Дневникот од штрковото гнездо
Киро Донев
300 ден.
164 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Роман за деца на Киро Донев со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев.
Додаток за фотоалбум
Владислав Отрошенко
250 ден.
154 стр., 200 х 140 мм, 2024
Фасцинантна приказна за една куќа во која живее семејството на чичковците родени со бакенбарди, раскажана со суптилен хумор, двосмисленост и со виртуозно преплетување на фантазмагоријата, митот и реалноста, па затоа и не случајно е наречена „најфантазмагоричната семејна хроника напишана на руски јазик“.
Без динамичен заплет, без неочекувана серија на настани, но и без ниту една...
Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени
Марина Димитриева-Ѓорѓиевска
150 ден.
80 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
„Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска содржи триесет кратки прозни текстови во кои доминантни теми се љубовта, чесноста, почитта, човекољубието, праведноста, женската вистина во општествените, партнерските и семејните односи.
Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)
Стјепан Томаш
300 ден.
148 стр., 200 х 140 мм, 2024
Романот „Мојот татко спие со ангелите“ првпат е објавен во 1992 година. Потоа Стјепан Томаш ја продолжи приказната и напиша уште два дела и како проширено издание беше објавен со наслов „Мал воен дневник“ (1994). Но во наредните изданија (од 1997) беше публикуван како „Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)“ и досега има 15 изданија на хрватски јазик. Книгата е популарна кај младите читатели во Хрватска и е задолжителна лектира...
