Македоника Литера

Бумбарчиња

Јан Карафијат

БУМБАРЧИЊА 

150 мкд

 

  92 стр., 240 х 170 мм, 2013 

  Јан Карафијат (1846–1929) е чешки евангелистички свеште­ник и писател. Во литературата се појавува со приказната за деца „Бумбарчиња: за мали и големи деца“, 1876. Благодарение на рецензијата на Густав Гама Јарош, во списанието „Час“, првото издание на „Бумбарчиња“ било распродадено веднаш, а во 1894 била издадена повторно. Така, од 1876 до 1980 година „Бумбарчиња“ доживеале 79 изданија. Во оваа приказна за деца Карафијат главно ја изразува единствената, проста љубов кон природата, мечтата кон идеалните односи меѓу луѓето. 

   Превод од чешки јаик: Донка Роус

110 Улици

Малгожата Гутовска – Адамчик

350 мкд

238 стр., 200 x 140 мм, 2013

    Романот претставува лесно и интересно четиво за животот и доживувањата на двајцата браќа - шеснаесетгодишниот Михал и дванаесетгодишниот Миколај, жители на Варшава. Главниот јунак Михал е момче кое живее безгрижен живот, меѓу другарите, родителите и наставниците е препознатлив како несериозно дете.

    Тој се интересира за супкул­турната сцена, слуша хип-хоп, црта графити и...

Беседа на фауните том 1

Ристо Давчевски

Беседа на фауните – том 1

250 мкд

312 стр., 200 х 140 мм, 2011 г.

      Првиот том од досега непубликуваните басни на македонскиот писател Ристо Давчевски (1935-2009), како дел од триесетлогијата во десет тома со заеднички наслов „Беседа на фауните“, ги содржи неговите басни во стихови за млади и возрасни во три книги „Некоја чудна полтронија“, „Големата мајмунија“ и „Боса команда“, со предговор на Мито Спасевски.

...

Роден крај со срце

Саво Костадиновски
Роден крај со срце
120.00 ден.

Книгата содржи 45 кратки раскази, лирски и вдахновени и со теми од животот на современите печалбари, односно на младите генерации во македонската дијаспора.

Како што пишува Горјан Петревски во поговорот, расказите се со своја порака, а „пораките произлегуваат сами по себе од онаа исконска љубов на печалбарот кон своето родно огниште, за да му ја дадат насоката и на читателот, а секој расказ претставува ‘свечена воздишка’ која не може да го...

Во срцето на птицата

Владо Димовски
Во срцето на птицата
100.00 ден. 

„Во срцето на птицата“, која е наградена со наградата „Ванчо Нико­лески“ за најдобра книга за деца и млади за 2004 година, е објавен избор од радиодрамското творештво за деца на Владо Димовски. Објавени се шест текста: монодрамата „Јас, дете!?“, радиопиеските „Во срцето на птицата“, „Трите петки, волкот и Зелениот“, „2041-та“, „Врапчето што знаеше да зборува“ и „Децата – огледало на родителите“. Сепак, тие не можат тесножанровски да се определат...