Македоника Литера

Весел зоо парк

Киро Донев

200 мкд

трето издание

 96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.

      Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.

    И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до дванаесетгодишна возраст. И овде, како што е карактеристично за него во некои прозни дела, раскажува во рима, со стихувани реченици и неговата проза се доживува како своевидна поезија во проза, исполнета со инвентивен хумор. Киро Донев има свој препознатлив стилско-лексички исказ, духовит и динамичен ритам со рима и во македонската литература има високо реноме на голем мајстор на прозата за деца од мала возраст.

      Книгата е илустрирана со цртежи на Ленче Тосева, а ова дело на Донев е објавено на украински и на бугарски јазик.

Руски народни приказни

350 мкд

 204 стр., А5 (200 х 140 мм), 2015    

  Овој избор содржи 31 познати руски народни приказни, првенствено фантастични приказни, басни и битови приказни.

    Светот на руските народни приказни е необичен и прекрасен, а при секоја средба со него впечатливи се волшебните фантазии на народниот раскажувач. Тие го воодушевуваат читателот – љубител на народните приказни, без оглед на возраста, младиот читател го учат на чесност и добрина, ја поттикнуваат мечтата, а со својата едукативност...

Шведски народни приказни

200 мкд

148 стр., 200 х 140 мм, 2014

Прочитај извадок

 Книгата „Шведски народни приказни“, претставува репрезентативен избор на народни приказни од оваа нордиска земји, карактеристична со својата митологија и историја.

      Како во сите национални приказни, така и овде може да се препознаат некои мотиви од приказни на други земји, сите приказни сепак имаат свои специјални белези на шведската традиција и народно творештво.

...

Просјакот Лука

Аугуст Шеноа

200 мкд

178 стр., 200 х 140 мм, 2015

Прочитај извадок

   „Просјакот Лука“ (1879) е едно од најдобрите дела на највлијателниот и најплодниот хрватски писател од 19 век, Аугуст Шеноа. Првиот вистински хрватски романописец во ова дело се интересира за малите човечки судбини и мајсторски ги претставува општествените слоеви и состојби на своето време – третирајќи ги моралните односи меѓу социјалните слоеви и односите меѓу селото и градот.

...

Време на тивки разговори

Ан-Лиз Гробети

150 мкд

 60 стр., 200 х 140 мм, 2015

   Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу...