Македоника Литера

Анабаса

Ксенофонт

300 мкд

224 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја. „Анабаса“е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол.

      Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската...

      Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните, географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја. „Анабаса“ е извонредно мемоарско дело.

      Во предговорот Весна Томовска, меѓу другото, пишува:

      „Иако во основа и со намера да биде запис на една епизода од политичката историја на Хелада и на нејзините соседи, Анабаса суверено ѝ припаѓа на мемоарската книжевност. Причи­на или услов за нејзиното составување е личното при­суство и учество во настанот, како и авторската перспектива на случувањата. Ваквата позиција на авторот во однос на предметот за кој се расправа ја обезбедува привилегијата на директен сведок, но и гаранцијата за високиот степен на автен­тичност во презентацијата на податоците со што...

Почетоците на кинеската цивилизација

Ли Чи

200 мкд

186 стр. / A5 формат (200x140)

   По близу шест децении од поставувањето на темелите на кинеската археологија, сè уште во Кина доминираа размислувањата, постулатите и концепциите на Ли Чи (1896 – 1979).

   По дипломирањето, од елитната академија „Тсингхуа“ Ли Чи бил испратен во Соединетите Американ­ски Држави да студира психологија и социологија. Но таму тој се запознал со антропологијата и антрополошките книги и бил фасциниран од овој предмет, за кој претходно немал никакво...

Наведување на филозофија

   Матко Стршен

   150 мкд

   86 стр./ A5 формат (200 x 140), 2012

     „Наведување на филозофија“ е обид за повторно промислување на дијалози во филозофијата кои се одамна веќе изгубени, а кои се водат помеѓу Филозофот и Нефилозофот за темелните вредности на филозофирањето, коишто и самата филозофија, од Сократ преку Хегел па до денешни дни, само површно ги субсумира преку фигурата на чевларот или поточно, кај Платон и, особено, Аристотел (Protreptikos) – преку фигурата на...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура том1

   Група автори

      150 мкд

   184 стр., 200 х 140 мм, 2018

    Двојазично издание – на македонски и на англиски јазик. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.

...

Клучните концепти во кинеската мисла и култура том 2

  Група автори

  150 мкд

  196 стр., 200 х 140 мм, 2019

    Двојазично издание – на македонски и на англиски     јазик. Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите.

...