Македоника Литера

Шаманизмот во македонската народна традиција

  Ана Витанова-Рингачева

  550 мкд

  304 стр., 240 х 170 мм, 2019

  Прочитај извадок

    „Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози. 
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата рефлексија врз животот на дадена зедница.
     Во заклучниот текст, авторката, меѓу другото, пишува:
„Шаманизмот како специфична техника на екстаза и магиска практика претставува мистичен феномен, кој подразбира екстатично патување на човекот-шаман во светот на духовите и способност за општење со светот на оностраното. Иако шаманизмот како религиозен феномен нема да се издигне на степен на религија, елементи од шаманското екстатично искуство се наоѓаат во основата на сите доминантни религии. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како `преживелица` во македонската народна традиција. Фолклористичката и етнографската граѓа која беше предмет на анализа, само ја потврди тезата дека реликти од шаманизмот се препознаваат во многу слоеви од македонскиот обреден и приказничен фолклор. Истражувањето на шаманистичките елементи во наши локални рамки и разоткривањето на нивното директно влијание врз обичаите и верувањата кај македонскиот човек, покажа дека се работи за универзален обреден комплекс, вграден во човековото духовно искуство.“ 

    Д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, во предговорот на книгата, меѓу другото, пишува:„Книгата претставува импозантна научно-истражувачка расправа за шаманизмот согледан какосвоевиден...

Мудроста на Конфучиј: Научете да бидете врвен лидер

Каспер Ших

300 мкд.

188 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

   „МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших е врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла.  Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за...

По трагите на древните цивилизации

Искра Тасевска Хаџи-Бошков

300 мкд.

289 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

     Во книгата се синтетизирани разновидните проучувања кои се однесуваат на најдревните културни традиции, писма и литератури. Книгата овозможува детален увид во специфичностите на одделните цивилизации, а посебно на древните литератури кои им припаѓаат на тие цивилизации. Во неа се опфатени месопотамската, египетската, индиската и хеленската цивилизација. Посебно се обработени најрепрезен...

НАСКОРО „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: НОВ ПРЕВОД СО КОМЕНТАРИ НА ТАО ТЕ КИНГ“ ОД ЧАРЛС Ќ. ВУ,

 

 Чарлс Ќ. Ву

„ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг"

Eксклузивна предпродажна цена: 150 ден.

    Наскоро ќе излезе од печат книгата „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг“ од Чарлс Ќ. Ву, кинеско-американски универзитетски професор и експерт за таозимот и кинеската култура.
   Книгата ќе биде двојазична книга, на македонски и на англиски јазик, а поглавјата од „Тао Те Кинг“ се објавени и на кинески јазик.
ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА...

Така зборуваше Лао Це: Тао Те Кинг – нов превод со коментари

   Чарлс Ќ. Ву

   250 ден.

   350 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020

   „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ЛАО ЦЕ: нов превод со коментари на Тао Те Кинг“ е книга од Чарлс Ќ. Ву, кинеско-американски универзитетски професор и експерт за таозимот и кинеската култура.
 Книгата е двојазична, на македонски и на англиски јазик, а поглавјата од „Тао Те Кинг“ се објавени и на кинески јазик. Во обем од 352 страни, книгата е издание исполнето со мудростите на еден од најголемите кинески филозофи.

...