Македоника Литера

Трпкавица в ногавица

Горан Б. Стојаноски
ТРПКАВИЦА В НОГАВИЦА – необични сказни
150.00 ден.
       

Како што укажува поднаслов, ова е книга со сказни – содржи четириесетина куси текстови напишани во сказновита форма. Книгата е поделена на три дела – во првиот се оние во кои главен е детскиот лик  и каде што во сказните се оди со фантазијата како производ на желбите кај децата, во вториот и најобемен циклус со дваесетина приказни, само го прифаќа континуитетот од првиот, преку поконкретни ликови од животот, проследувајќи ги децата во училиштето, а во трретиот се веќе познатите и вообичаени ликови од народното фантастично творештво (џиновите, џуџињата, змејовите, вештерките и другите необични суштества кои најчесто се присутни во приказните, односно сказните за деца). Со овој ракопис Стојаноски го потврдува своето место во помладата генерација автори за деца, која, иако малубројна, носи свежина во литературата за деца.

„’Трпкавица в ногавица’ од Горан Б. Стојаноски, - пишува Горјан Петревски во поговорот – на прв впечаток е книга со теми од минатото, од некое подалечно време, но тоа е само привидно. Всушност, секоја сказна е сликичка од нашево време со слабостите што ги следат и децата и возрасните.“

Историјата на Скендербег

Одисе Грило

ИСТОРИЈАТА НА СКЕНДЕРБЕГ

200 мкд

160 стр., 200 х 140 мм, 2012

      Делото од првата објава беше дочекано со високи оценки од страна на најпознатите албански писатели, неколку пати беше преобјавено во Тирана, Приштина и во Скопје.

      Беше преведено и на италијански јазик, а во 1998 година, од страна на Меѓународниот институт за проучување на книжевноста за деца, беше вреднувано како „едно од најдобрите дела на светската литература за деца, напишани во последната...

Бабичка

Божена Њемцова

250 мкд

   218 стр., 200 х 140 мм, 2009     

  Еден и пол век Божена Њемцова е меѓу најпопуларните чешки писатели, а во изборот за најпопуларна книга во Чешка во 2009 година „Бабичка“ го освои второто место.

   Њемцова има необична биографија, а ова дело автобиографски белези. По смртта на синот, Њемцова се одала на пишувањето и напишала ода за својата баба – ја идеализирала и ја претставила како симбол на добрината и љубовта.

...

Тажното змејче

Симона Груевска Маџоска
Тажното змејче
120.00 ден.
         „Тажното змејче“содржи четириесетина песни и е наменета за децата со помала возраст.
Преку стиховите на оваа книга авторката суптилно навлегува во детскиот свет и обработува низа современи ситуации и проблеми, кои често на децата им изгледаат огромни.

Таа успева да им пристапи на овие аспекти од детското живеење со многу топлина и хумор. Со тоа прави проблемите со кои се судираат децата да се стават во реална рамка. Во таа...

Џуџести сказни

Горан Б. Стојаноски
Џуџести сказни
150.00 ден.
         „Џуџести сказни“ содржи триесет и шест добро компонирани детски сказни кои претставуваат една целина, но и кои доста се разликуваат една од друга поради тематската разновидност.

 

Книгата е наменета за деца од помала возраст. Во неа се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои  може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Авторовата...