Македоника Литера

Доживувањата на Геге Супер Геге

Горан Б. Стојаноски
Доживувањата на Геге Супер Геге
150.00 ден.
       

Книгата е придружена со поговор на Горјан Петревски, кој меѓу другото, пишува: „'Доживувањата на Геге супер Геге' е сказна за осаменоста, но и за здодевноста, за радоста и за тагата, за вербата и за победата, за упорноста и оптимизмот.

Но и приказна која на извонреден начин влегува во суптилниот свет на карактерот на детето кое честопати побарува прибежиште во фантазирањето кое, обично, доаѓа по недоразбирањето во семејството и околината. Во таков случај неминовно е да се влезе во конфликт и пркос со средината каде што се живее.

Главните ликови во ,,Доживувањата на Геге супер Геге“ се млади и стари од една, но и животни и предмети од друга страна, доближени до детскиот свет на еден извонредно прикладен начин преку кој и се создава оваа топло и духовито пренесена сказна...

Ликот на девојчето Геге е доминантен субјект во приказната, но останува да доминира како спонтано изнијансиран профил кој, и покрај своите волшепства, ги задржува оние особини што ги поседуваат децата на нејзина возраст. Таа е, истовремено, и тажна и весела, и нежна и силна, и палава и умна, но во ниеден момент не се колеба меѓу праведното и неправедното, да го оддели храброто од плашливото, да го разликува веселото од тажното, а на тој начин, без да изгуби во очите на читателот ни малку од своите општочовечки особини. Ќе израсне во необичен лик од уште понеобична приказна, тоа девојче ,,едно на мајка“ кое преку ноќ ќе се претвори во јунак од фантазијата и волшепствата.“

Од дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка

Киро Донев

200 ден.

128 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2011


         „Од дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка“ е прозна книга, напишана во форма на дневник, во кој централните личности се Зорка и Васко – братче и сестриче.

 И во ова дело Киро Донев е доследен на својот препознатлив стилско-лексички исказ, духовит и со динамичен ритам и рима во прозата. И со ова дело го потврдува своето реноме на искусен и добар мајстор на литературата за деца.

 

Зелениот хороскоп

Томе Богдановски

120 мкд

86 стр., 200 х 140 мм, 2010

    Роман за тинејџери на современа тема. Детството треба да е како бајка, но не е сè бајка во него. Реалноста на детскиот свет е полна и со разни судбини.

      Тажни приказни за себе и за околината на главните јунаци. „Ода“ за тагата и радоста, за маката и надежта, кои исто така ги следат децата во секојдневјето.

Одохохол и Лупе Мангупе

Матко Сршен

200 ден.

158 стр./ A5 формат (200 x 140), 2010


    Одохохол и Лупе Мангупе се две момчиња кои живеат опкружени со светот со кој завладеале лоши сили. Но тие се вистински јунаци, а во нивното пријателство лежи надежта за спас на тој свет во кој веќе долго време нема вистински пријателства...

  Оваа книга, иако е слична на други книги, по нешто битно се разликува: сите приказни се читаат, слушаат и примаат на...

Пеперутки

Иван Ивановски

150.00 ден.

Овој избор на Ивановски е направен од неговите книги за деца: Врти се врти вретенце (поезија), Мамините раце се златни (поезија), Ах ти мило детенце (поезија, повеќе изданија – десетина години лектира за прво одделение), Штурчевото дуќанче за музикалии (раскази), Спроти Нова година (пиеса во стихови). Во книгата се објавени и хумористични песни и препеви според мотиви од народната поезија од разни земји.