Македоника Литера

Мио, мој Мио

Астрид Линдгрен

300 ден.
164 стр., 200 х 140 мм, 2013         

„Мио, мој Мио“ се смета за едно од најдобрите дела на шведската писателка Астрид Линдгрен (1907-2002), која во светската литература е исто толку позната и по интернационално популарниот лик Пипи Долгиот Чорап од истоименото дело.

И седум децении по неговото прво издание (1954), „Мио, мој Мио“ сè уште е едно од најпопуларните дела во литературата за млади во светот. Тоа е подеднакво интересно, фасцинантно и трогателно четиво и за младите и за возрасните читатели. Ова е дело со врвно раскажувачко мајсторство, роман напишан како сказна, со приказна со многу тага, но и со среќен крај, во која има многу ефектни драматични пресврти, многу топлина и магија која ги надминува и митските димензии и во која главниот лик Мио со многу фантазија ја пополнува големата празнина од татковата љубов и грижа. „Мио, мој Мио“ е приказна која се чита во еден здив, а долго време ги бранува чувствата.

Пишувањето е стилизирано, а приказната силно потсетува на традиционалните бајки и фолклор. 

Главниот лик во овој роман бајка е дете без родители, на кое му недостига родителската љубов. Но неговата фантазија за својот татко се претфора во фантастична бајка.

Книгата започнува со претставување на Бо Вилхелм Олсон (прекар Бусе), деветгодишно момче кое е згрижено од тетка која не ги сака момчињата. Таа тетка и нејзиниот сопруг не му укажуваат доволно внимание, често го прекоруваат и малтретираат. Мајката на Бусе починала за време на...

Нордиски народни приказни


200 ден.

148 стр., А5 (200 х 140)


      „Овој избор содржи народни приказни од Шведска, Норвешка, Данска, Финска, Исланд и Фарските Острови и нё уверува дека далечното не е толку далечно, а непознатото не е толку непознато, затоа што универзалниот јазик на приказните нё носи на ’позната територија‘ – во светот на чудесното и имагинарното.

Нордиските сказни ни се обраќаат на јазикот кој сме го научиле слушајќи ги...