Македоника Литера

Сјајно место за несреќа

Дамир Каракаш

250 мкд

222 стр./ A5 формат (200 x 140 мм)

     „Сјајно место за несреќа“ веќе е оценет како сјаен роман на неконвенционалниот хрватски писател со необичен живот, доброволец во Татковинската војна во Хрватска, воен известувач, „крал на црните хроники“, свирач на хармоника на париските улици.

      „'Сјајно место за несреќа' е роман за новата Европа и за старите односи на моќта, роман од дното на Европската унија' (Роберт Перишиќ), каде што емигрантскиот бран се снаоѓа како што знае, но често на нелегален начин. Ова е читливо, динамично и емотивно дело, најкомплексно и најдобро напишано од овој автор. Овој роман нуди поинаков поглед на големите западноевропски градови, дефинитивно поинаков од оној што го знаеме од туристичките водичи и брошури. Тој ја разбива идиличната слика на романтичниот Париз. Во романот се открива еден цел паралелен свет на париското подземје и на емигрантите во борбата за гол живот. Но во делото се препознаваат и многу автобиографски елементи.

      Главниот јунак во романот, преживува како уличен карикатурист, но тој всушност е млад и надежен хрватски писател, познат во својата земја, а кој во Париз дошол за да успее и таму. Таквиот живот на улица требало да биде само привремен, но инерцијата на секојдневното преживување сè повеќе јунакот го турка кон „стомакот“ на Париз. Во потрагата за успех надвор од границите на својата земја во транзиција, писателот го избира токму Париз – градот на светлината и на среќата, центарот на културата и уметноста, на слободата и човечките права, собиралиштето на сликарите, писателите и интелектуалците во дваесеттиот век. Но во дваесет и првиот век Париз открива едно...

Ѓубре

Војќех Кучок
200 мкд

132 стр./ A5 формат (200 x 140), 2010

(Добитник на највисоката награда во Полска НИКЕ)

     Бестселер, неколкупати наградуван роман и преведен на 15 јазици.

    „Ѓубре“, кој има поднаслов „Антибиографија“, е сурова приказна за трагедијата на едно дете, за семејната бруталност, страдањето и тешкото детство. Во хуморот има тага, во трагедијата – комедија, во гротеската – фарса. Во спомените од детството се патува по пеколот, а не по чудесните предели на фантазијата и...

Сите црвенкапи се исти

Марко Видојковиќ

450 мкд

(Награда Витал)

336 стр./ A5 формат (200 x 140 мм)

     Роман на „српскиот Буковски“, уредник во „Плејбој“, контроверзен, но еден од најчитаните српски писатели во 21 век. Бестселер со седум изданија. Драматична и потресна приказна за една изгубена генерација, за животот меѓу стихијноста, демоните и пороците.

      Главниот јунак во романот, кој е главен лик и во другите книги на Видојковиќ и...

Молски акорди

Мирко Демиќ

100 мкд

Награда „Иво Андриќ“ за 2008 година (раскази)

134 стр./ A5 формат (200x140)

      „Иако во втор план, политиката е централна нишка која ги спојува овие раскази. Јунаците на приказната се политички протагонисти, нејзини робови, сопатници, а најчесто жртви. Неколкумина се истовремено писатели и фанатични политичари...

      Лудилото е, исто така, една од заедничките нишки на повеќето овие раскази...

Жената oд барот

Диана Чули

150 мкд

164 стр. / A5 формат (200 x 140)

 

      Љубовен роман. Овојпат романсата е нарушена од реалноста во транзициското посткомунистичко време. За ова дело авторката ја доби наградата Автор на годината 2007.