Македоника Литера

Мора да разговараме

Тања Мравак

150 мкд

Награда „Јутарњи лист“ за 2010

 122 стр., 200 х 140 мм, 2011

      „Мора да разговараме“ е дебитантска книга на Тања Мравак, која освен што ја доби наградата на „Јутарњи лист“, веднаш, како ретко која книга во последните години во хрватската литература, доби бројни и позитивни одгласи од критиката.

      Таа е книжевното изненадување во Хрватска во 2011 година, не само со добивањето на таа награда, туку за критиката и пред добивањето на наградата – за кусо време се јавија десетина литературни критичари од Хрватска и од поранешните југословенски простори.

      Непосредно пред да биде прогласена за најдобро прозно дело, „Мора да разговараме“ се закити и со наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за најдобра дебитантска книга, а потоа и наградата „Слободна Далмација“ за книжевност за 2010 година.

      Најсуштинската поврзувачка алка на петнаесетте раскази во „Мора да разговараме“ е мотивско-тематската одредница разговорот. Дијалозите се основниот елемент, но за раскажувачкиот ефект особено важни се молчењето, расеаноста, ’разминувањето‘ на соговорниците, тишината и паузи¬те, мачните реплики, мрморењето... во разговорите. Со неразбирањето во разговорите е прикажано неразбирањето во секојдневниот живот, во обичните ситуации кои потоа необично завршуваат или ескалираат и се претвораат во судир. Тања Мравак раскажува за невротичните ситуации во секојдневјето, за обичните луѓе во обичните ситуации, најчесто во периодот откако завршила вљубеноста и треба да се премине во постојаност на љубовта. Дијалозите им даваат драмска сила на расказите и низ нив уверливо се изградени ликовите. Јунаците во расказите на Тања Мравак се обични луѓе фатени во мачни ситуации на секојдневјето, кои се...

Строго контролирани возови

Бохумил Храбал

150 мкд

104 стр., 200 х 140 мм, 2012

      Заедно со Јарослав Хашек, Карел Чапек и Милан Кундера, Храбал е еден од најголемите чешки писа­те­ли на 20 век и еден од најголемите европски писатели во втората половина на минатиот век.

      Токму „Строго контролирани возови“ е неговото најдобро и најпознато дело, според кое чешкиот режисер Јиржи Менцел го сними истоимениот филм, кој пак во 1967 година е награден со „Оскар“ за најдобар странски филм.

...

Комо

Срѓан Валјаревиќ

300 мкд

   Избран за најдобар роман во регионот во 21 век (2000 – 2016).

  „Комо“ е меѓу најчитаните и меѓу десетте српски романи во едицијата „Сто словенски романи“, наградуван, меѓу кои и со француската награда Prix des lecteurs du Var за 2011 година; пет години по појавата има девет изданија на српски јазик и е преведен на француски, германски, англиски, италијан­ски, словенечки, бугарски, албански, шпански и шведски.

...

Пишувачот

ПИШУВАЧОТ
(на Берхард Шлинк)
Антологија на современа епистоларна проза
Приредувач: Весна Мојсова – Чепишевска

200 мкд

      Во антологијата на современата епистоларна проза „Пишувачот“, приредена од Весна Мојсова – Чепишевска, се застапени: Татјана Кокаљ и Јана Коларич (Словенија), Јопана Шчепковска, Јануш Леон Вишневски, Јежи Сосновски, Хана Ковалевска (Полска), Ренато Баретиќ (Хрватска), Азриел Библиович (Колумбија), Русана Бардарска (Бугарија), Anna Dassialgo / Гордана Влаиќ (Србија), Горица...

Вашето Височество Животно

Вјачеслав Купријанов

200 мкд 

      Во романот Купри­јанов се зафаќа со цивилизациските и антицивили­за­ци­ски­те димензии на човештвото, односно на нечовештвото.

      Тоа е роман на пародијата и алузијата. Во него е опишано тоталното оѕверување или оживотно­ру­вање, а во пародиска смисла тоа е очовековување на животин­скиот свет – процес што, како што пишува авторот, во современото време оди кон својот побе­­доносен крај. Во Русија романот е окарактеризиран како наследник на „Шинелот“ на...