Македоника Литера

Збогување со есента

Станислав Игнаци Виткјевич

400 мкд

374 стр., A5 формат (200 x 140), 2011

    Култен и контроверзен роман на Виткјевич, еден од најпознатите романи во полската литература во 20 век.

      „Јас не се спуштам во опишување на делови од животот, туку се трудам (можеби безуспешно) да создадам еден вид интелектуален роман, и тоа филозофски. Таков роман би сакал да читам, а таков нема, затоа го пишувам, а не за пари и признание, бидејќи ниту едното ниту другото и така никогаш нема да ги имам“, пишува С. И. Виткјевич во предговорот. „Мојот роман е ужасен. Еден огромен поглед отстрана кон целото човештво, зад грбот на Бога... Однапред го отфрлам обвинувањето дека овој роман е порнографски.“

      „Збогување со есента“ го пренесува читателот на другата страна од искривеното огледало на талентот на Виткјевич. Во тоа огледало ѕиркал цртајќи ги своите слики, а пишувајќи го романот видел точно како изгледа во него пошироката глетка на реалноста која го опкружува.

      Во романот се раскажува за созревањето и пропаста на младиот декадент Атанази Базакбал. Неговите постапки и сите експерименти (со дрогата, сексот, психата) доведуваат до самоубиство на неговата жена Зосја, а тој самиот запаѓа во целосна зависност од Хела Бетрс... Романот е обемен, комплексен и богат со лексички изразни средства.

     Превод од полски јазик: Анета Тодевска

      Нарачај

Приказни од Мала Страна

Јан Неруда

250 мкд

203 стр./ A5 формат (200 x 140), 2011

      Јан Неруда (1834-1891) е најистакнатиот писател во чешката литература во втората половина на ХIХ век. Неговите дела се со изразена социјална содржина. Мајстор е на кусата проза. Автор е на 2 260 фељтони, скици, басни, раскази и драми.

     За најдобро дело на Јан Неруда се смета збирката раскази Приказни од Мала Страна (1878). Во него ја насликал...

Селани од островот

Аугуст Стриндберг

300 мкд

161 стр./ A5 формат (200 x 140)

      Романот „Селани од островот“ е едно од најпопуларните дела на шведскиот класик.

      Приказната за Карлсон и мадам Флод се одвива низ психолошки истенчена и драматуршки изострена визура, а претставува и здрав, хумористичен опис на животот во Стокхолмскиот архипелаг. Романот од првата до последната страница е пишуван со мајсторски стил, како добар пример за Стриндберговата јазична вештина, којашто низ целото дело се движи со...

Синот на слугинката

Аугуст Стриндберг

дел 1 - 300 мкд 

192 стр./ A5 формат (200 x 140)


дел 2 - 300 мкд 

212 стр./ A5 формат (200 x 140)

 

       Прв во низата големи автобиографски романи на шведската литература. Стриндберг – син на трговец и на слугинка – постојано бил контроверзна фигура.

      Се смета за еден од зачетниците на модерниот театар, а со драмите, романите и новелите си обезбедил место на најчитан писател на сите времиња во Шведска.

...

Никогаш повеќе!

Катажина Грохола

300 мкд

 194 стр., 200 х 140 мм, 2009

      Наградуван, филмуван и преведуван роман.
Модерна приказна за модерни жени. Роман напишан од жена за жените кои секаде се соочуваат со слични проблеми и перипетии, но не се откажуваат од своите соништа.

      Своевиден водич за тоа што треба да се очекува од потрагата по големата љубов.

      Овој роман, кој е меѓу најпопуларните полски романи во почетокот на...