Македоника Литера

Светлина

Торгни Линдгрен

300 мкд

220 стр. / A5 формат (200 x 140)

      „Светлина“ започнува со страшна епидемија која опустошува едно село на северот на Европа, при што ќе преживеат само неколкумина жители. Болеста со себе ги однесла и сите морални претстави и чувството за правичност меѓу луѓето.

      Селскиот столар Коник се залага за воспоставување ред и законитост. Еден ден во селото доаѓа туѓинец за утврди дали жителите сè уште поседуваат способност да дадат придонес за кралството. Но и тој ќе биде погоден од општото беззаконие. Кога Кониковата сопруга ќе го привлече со својата убавина, нема да може да му се спротивстави на предизвикот. Но столарот има и една свиња која во мигот на љубовната игра на туѓинецот со неговата сопруга, ќе тргне низ селото по храна и се случува страшен злостор, па свињата мора да биде изведена пред лицето на правдата...

      Во овој алегориски роман авторот им дава крупно значење на моралните дилеми поврзани со некои од суштествените животни прашања. Заедно со „Патот на светлината“ и „Бумбаровиот мед“, овој роман му носи интернационална слава на Торгни Линдгрен – еден од најзначајните шведски стилисти и најпреведуваните современи шведски писатели во изминативе две децении. Негови дела се преведени на повеќе од 30 јазици. Од 1991 година е член на 18-члената Шведска академија во Стокхолм, која ја доделува Нобеловата награда за литература.

      Нарачај

Војна со дождалците

Карел Чапек

250 мкд

250 стр./ A5 формат (200 x 140), 2013

  Книгата „Војна со дождалците“ Чапек ја напишал како реакција на опасноста што демнела од фашизмот (1936) и претставува предупредување од која и да е тоталитарна идеологија.

    Овој научнофантастичен и сатиричен роман е деликатесно четиво, зашто е напишан од големиот мајстор на раскажувањето, со извонредна стилска изведба и со читлива и динамична приказна. Чапек овде се покажува како врвен фантаст и сатиричар, инвентивен...

Вода, пајажина

Нада Гашиќ

300 мкд 

360 стр./ A5 формат (200 x 140), 2013

Награда Владимир Назор – за најдобро книжевно дело во Хрватска 

      Романот е награден со две престижни награди: Наградата на Градот Загреб и со највисоката хрватска државна награда во културата – Владимир Назор, за најдобро книжевно дело во 2010 година.

      „Вода, пајажина“ започнува со големата поплава на Загреб, во 1964 година, со драматичен опис на...

Дневник на друга зима

Срѓан Валјаревиќ

200 мкд

194 стр./ A5 формат (200 x 140)

      „Дневник на друга зима“ (2005) на Срѓан Валјаревиќ беше вклу­чен во десетте најдобри романи во југоисточна Европа во 2006 година, а доби и неколку книжевни награди во Србија.

      Валјаревиќ има необична животна приказна. Во ова дело пишува за секој свој чекор на повторното раѓање и проодување по тешка болест, од која станува неподвижен. Главното дејство во рома­нот е оде­њето. Поточно повторното проодување. Оваа про­за е...

Божествени дечиња

Татјана Громача

200 мкд

138 стр./ A5 формат (200 x 140)

Награда Владимир Назор за 2012;        

Награда „Јутарњи лист“ за 2012

      „Божествени дечиња е книга за душевните болести и за растројството на општеството. Таа гледа дека мајката не е луда, иако е болна, па нејзината болест во својата манифестација е поздрава од општественото здравје. Ќе речете: често сме слушнале некој да зборува така, да ги релативизира лудилото и општествениот разум.Но уште еднаш да се обидеме да ви кажеме: не...